Почетна Вести Патријархот Иринеј не доаѓа, но СПЦ сепак праќа владика во Македонија со Николиќ
Патријархот Иринеј не доаѓа, но СПЦ сепак праќа владика во Македонија со Николиќ

Патријархот Иринеј не доаѓа, но СПЦ сепак праќа владика во Македонија со Николиќ

614
1

Срспкиот Патријарх Иринеј нема да го придружува Српскиот претседател, Томислав Николиќ при посетата на Македонија. Сепак заедно со Николиќ в петок на Кајмакчалан и во Битола ќе има преставник на СПЦ, дознава „Религија.мк“.

atanasijИако официјално се уште не е соопштено, сепак според изворите на „Религија.мк“, одлуката на Синодот на СПЦ како претставник на Патријахот да го делегира неговиот викар, Епископот Топлички Арсениј е донесена и се чека на нејзин потпис.

Српскиот претседател и преставникот на СПЦ доаѓаат во Македонија за одбележување на 100 годишнината од битката на Кајмакчалан, што на 16 септември ќе се одржи на спомен обележјето од Првата Светска Војна.

kajmakcalan-1024x768Делегацијата на Србија предводена од претседателот Николиќ ќе положи цвеќе на спомен костурницата на врвот Свети Илија, каде ќе се искачи со хеликоптер, а потоа ќе положи цвеќе и на војничките гробишта во Битола. Засега нема потврада дали и каде епископот на СПЦ ќе остлужи помен за загнинатите на 4.600 војници на кралската армија на Србија.

За протоколот за посетата на Николиќ се уште нема официајлна потврда ниту од Кабинетот на Престедателот Иванов, но средба меѓу двајцата престедатели ќе има, најверојатно во Битола.

Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе на македонско-грчката граница. За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт.

Само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. Ne doadja srpskiot patrijarh —sega se srecni samo siptrarite, polno im e srceto , oti tie ni se sega braca po verata

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *