Почетна Вести Отец Пимен: Баталете адети, учете!
Отец Пимен: Баталете адети, учете!

Отец Пимен: Баталете адети, учете!

1.31K
4

Обичајот на истурање вода пред одење на првиот школски час е суеверие и нема никаква врска со православната вера. Овој совет на својот Фејсбук профил го сподели Митрополитот г.Пимен, како совет до родителите и идните ученици на првиот ден од новата учебна година.

Отец Пимен смета дека најважно за успех во школо е учењето.

pimen voda-Видов на ФБ како деца туркаат ѓумови и чаши со вода на излегување од дома за да им оди лесно школската година нова. Убава е симболиката, ама мое е да кажам дека тоа е далеку од вера православна.

Ако не го бива детето и ако не е во партија некој од родителите, ни хидрант не помага. Затоа, учете деца. Не верувајте на онаа демагогија од наше време: “учи за да не работиш”, напиша Владиката Пимен на Фејсбук.

 

 

Коментар(4)

  1. Добро е кога Митрополитот се бори против суеверието, но уште подобро би било, кога би се изборил за правото на 1-ви септември учениците да одат во храмот и таму свештеникот по молебенот за почеток на школската година ги благослови за Господ да им го просветли умот за полесно да ја сфатат материјата што им се предава. Сигурен сум дека Митрополитот ја знае поговорката: “Потребна е мотика, но потребна е и молитва”, оти едно без друго не оди.

  2. Па си ги однесовме децата на молитва пред првиот школски ден, секогаш тоа го правиме со благослов на надлежниот владика, слава на Бога.
    Да не чекаме од школите да ни ги носат децата во црква. Треба ние да им го отвориме патот. Навистина тешко е некогаш, но вреди навистина да се биде во домот Господов

    1. Г-ѓо Македонка, добро е тоа што сте ги однесле децата в црква за благослов, но тоа се поединци, кои тоа го направиле, јас зборувам за сите ученици, за оние од православна вероисповед. Можеби ке има и такви што не веруваат, па нема да отидат, но затоа ако Министерството за образование воведе веронаука во сите одделенија во основно, па и во средните училишта има многу шанси повекето деца да поверуваат во Бога и да станат добри верници, а воедно и добри граѓани на државата.

  3. Да, добра е идејата за веронаука. Ако нешто е најпотребно, тоа е Господовата наука – проштевање, молитва, заедница, послушание.. Страшен дух завладејува со нашите училници: збеснати деца имаат право на се`, збунети учители кои се` потешко воспоставуваат ред. Но без ред, нема ни час. Многу тешко внимаваат децата денес, не се научени да седат мирни, да слушнат што другиот има да каже.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *