Почетна Вера По 80 години бигорските монаси отслужија литургија на 2341 метар надморска височина
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

По 80 години бигорските монаси отслужија литургија на 2341 метар надморска височина

4.74K
0

Монасите и монахињите од Бигорската Обител за прв пат по повеќе од 80 години отслужија литургија на врвот Голем Крчин на надморска височина од 2341 метар. Овде на ова место некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

Литургијата во чест на Господовото Преображение била отслужена во непосредна близина на некогашниот храм, а на нејзе покрај монасите и монахињите присутна била и група од четириесетина планинари.

-Несомнено, беше тоа едно длабоко благодарење кон најголемиот Уметник и Творец, и небесен Татко, Кој изобилно ги дарува Своите верни деца со секакви убавини, и вештествени, и духовни. А тоа силно благодарење беше истовремено и молитвен спомен и големо признание за верата на нашите предци, што од љубов кон Бога граделе храмови на најнепристапни места, за и таму да се слави името Негово. Благиот и човекољубив Бог нека го прими денешниот скромен подвиг за благослов на целата наша Татковина, и по молитвите на Својата Пречиста Мајка и на нашите богољубиви предци, да ги преобрази помрачените и несреќни души со светлината на Неговата љубов, велат бигорските монаси.

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на Западна Македонија. Планината е дел од масивот од Шар Планина преку Дешат до Караорман.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *