Почетна Вера Полноќно бдение и литургија за викендот во манастирот во Матка
Полноќно бдение и литургија за викендот во манастирот во Матка

Полноќно бдение и литургија за викендот во манастирот во Матка

320
0

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје во сабота на 27 август ќе се одржат вечерна литургија (18:00), Духовна академија и полноќно бдение.

matka 2Традиционално учество на Духовна академија ќе имаат деца од Скопје кои ќе изведат  хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми.

Утрото на 28 август (08:30), на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *