Почетна Вера Нов ѓакон во Повардарската епархија
Нов ѓакон во Повардарската епархија

Нов ѓакон во Повардарската епархија

481
0

Дипломираниот теолог, Никола Ѓеорѓиевски од Велес е новиот ѓакон во Повардарската епархија. Неговото ракополагање го извршил Повардарскиот митрополит г. Агатангел во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

На Литургијата сослужувале повеќе свештенослужители од Велес, а молитвено присуствуваа голем број на верници.

Ѓеорѓиевски најпрво бил рапкоположен во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон

-На новоракоположениот ѓакон Никола Ѓорѓиевски, кој е вработен во администрацијата на Повардарската епархија му посакуваме да долголетствува на полето Господово, и како што ревносно ги извршува своите досегашни административни задачи, со уште повеќе ревност да го шири и проповеда Словото Божјо и да ја чува и заштитува Светата православна вера, велат од Повардарската епархија.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *