Почетна Вера Голема вечерна литија за патронот и заштитник на Радовиш
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1 1

Голема вечерна литија за патронот и заштитник на Радовиш

286
0

Деветта година по ред, на Патронот и Заштитникот на Радовиш, Свети великомаченик, Спасо Радовишки, се одбележува со специјална програма во организација на Здружение на Граѓани „Св. Спасо Радовишки“

Годинава прославата почна со вечерна богослужба, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш, со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија.

По вечерната богослужба со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки била организирана и голема градска вечерна литија од храмот „Св. Троица“ до параклисот посветен на „Св. мч. Спасо Радовишки“, лоциран на градскиот плоштад во Радовиш. Овде бил изврши молебен.

Вчера вечерта во дворот на храмот „Света Троица“ била одржана и духовна академија. Старешините од Радовиш, за 10 – годишниот Јубилеј од хиротонија на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, му подариле крст и панагија.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *