Почетна Анализа МПЦ-ОА во челустите на соседните православни цркви
МПЦ-ОА во челустите на соседните православни цркви

МПЦ-ОА во челустите на соседните православни цркви

398
10

Зошто СПЦ и БПЦ сакаат да ја присвојат Охридската архиепископија како свој корен?

Битката за превласт врз Македонската православна црква-Охридска архиепископија всушност е потврда за исконската вредност, тежина и духовна сила што во себе ја има и ја носи нашата национална црква. Таа има изворен историски континуитет во лицето на Охридската архиепископија и во нејзините духовни корени на овие простори. Ете тој факт на еден многу интересен начин се потврдува и во последно време. Имено, зголемените апетити на соседните цркви за земање под закрила на нашата црква, како и грабањето за нашата ОА, фрлаат дополнително светло на одговорот на прашањето зошто МПЦ-ОА е „најслаткиот залак што сите би сакале да го лапнат со сласт“.

Токму во тој контекст е последното писмо што српскиот патријарх Иринеј во април годинава му го испратил на бугарскиот патријарх Неофит, наменето баш за црковниот проблем во Македонија, односно на предизвикот Бугарската православна црква да биде промотор на идејата поведена од МПЦ-ОА за признавање на нејзината автокефалност, а за возврат БПЦ да го добие статусот на нејзина мајка црква.

Анализата на познавачите на верските состојби кога ја коментираа писмената комуникација меѓу СПЦ и БПЦ недвојбено вели дека таа оди во насока на потврдување на тоа дека и двете соседни цркви СПЦ и БПЦ тежнеат кон присвојување на МПЦ, но со различни тенденции и планови.

– МПЦ е нераскинливо поврзана со Охридската архиепископија, зашто и денешната МПЦ е основана како возобновител на самата ОА. Историскиот континуитет на нашата црква ѝ дава легитимитет во православниот свет. Со самото присвојување на МПЦ-ОА, црквите како СПЦ и БПЦ ќе покажат различна генеза на постоење, односно ќе го покажат коренот во православието -нагласуваат аналитичарите.

Црковниот историчар Драган Зајковски од Институтот за национална историја вели дека тенденцијата на присвојување на МПЦ-ОА е посебно видлива кај СПЦ, која не прифаќа да се откаже од духовната власт врз епархиите во Македонија.

– Доказ за односот на СПЦ кон МПЦ-ОА во основа се докажува и преку писмото и речникот на патријархот Иринеј. Во прашање е српскиот национализам видлив и кај челниците на Српската црква. Тие сѐ уште нѐ гледаат како класичен српски југ. Во голема мера тука имаат влијание и релациите на тврдокорните српски владици со тврдокорните грчки владици -додава Зајковски.

ОСТРО ПИСМО

Српскиот патријарх Иринеј отворено му се заканува на бугарскиот патријарх Неофит дека преземените чекори на БПЦ можат да се одразат негативно на нивните заемни односи.

– Ние бевме не помалку изненадени од одлуката на вашиот свет синод дека бугарскиот патријарх е „потполно свесен за својата света должност“, бидејќи „Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија за своја мајка црква“. Не се сомневаме во искреноста на вашата изјава дека „Бугарската патријаршија никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква“, туку на сличен начин, следејќи ја нашата сопствена совест за пасторска грижа и должност кон црквата божја, ние треба да ви напоменеме дека сте избрале неканонски начин за лекување на страшната рана на телото Христово со мешање во внатрешните работи на една сестринска помесна црква – Српската православна црква, и со нарушување на сеправославниот консензус во врска со скопската шизма, а консензус со кој и вие сте согласни повеќе од половина век. Замислете како би се чувствувале вие и како би реагирале доколку некоја помесна православна црква, меѓу кои и Српската православна црква, во време на голема криза поради шизма во вашата црква, одлучи, без да ја праша вашата црква и без да ја почитува вашата канонска јурисдикција, да изјави дека се чувствува повикана да им помогне на бугарските шизматици да добијат, без покајание и без никакво преиспитување на нивното шизматичко „кредо“, на нивниот нормален канонски статус, и дека има право да „посредува“ врз основа на фактот дека шизматската организација е подготвена да признае една од православните цркви – на пример Српската православна црква, за своја мајка црква (како мајките да можат да се избираат!) – стои во писмото потпишано од српскиот патријарх.

ОХРАБРУВАЧКИ ПОДВИГ НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Вселенската патријаршија на крајот од мај годинава презеде одговорност за решавање на канонскиот статус на црквата во Македонија, прифаќајќи го писменото барање во кое името на МПЦ-ОА би било Охридска архиепископија и истото тоа би било заведено во диптихот на православните цркви. Според верските аналитичари во земјава, ваквата постапка на вселенскиот патријарх Вартоломеј е за поздравување, особено зашто Вселенската патријаршија е вистинската адреса за решавање на македонското црковно прашање. Тие очекуваат вселенскиот патријарх да ги земе предвид канонскиот поредок и фактот дека до 1922 година епархиите на територијата на денешна Република Македонија биле под јурисдикција на Вселенската патријаршија, а потоа ѝ биле отстапени на Српската црква.

„Нова Македонија“ уште пред неколку месеци напиша дека вистинската адреса за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА е Вселенската патријаршија, и тоа токму во периодот кога таа активно се ангажира и за надминување на украинското црковно прашање. Но, како и многупати досега, во функција на спречување на конечното решавање на црковниот проблем, а и во поширок контекст и поврзано со политичките притисоци и ирационалниот и наметнат спор за името, сѐ повеќе се гласни оние што ги игнорираат постоењето и засебноста на македонскиот народ, држава и црква, како и негирањето на МПЦ-ОА.

Доказ за печатот на автокефалност

МПЦ-ОА е темел и вековен чувар на македонскиот идентитет, јазик и традиција. Доказ за тоа е што половина век од историската 1967 година, МПЦ е црква со развиено монаштво, цркви и манастири, кои јасно сведочат за нејзиниот континуитет, самостојност и посебност. Нема поголема гаранција за интегралноста на националното ткиво, за идентитетот на македонскиот супстрат и за македонскиот народ, како и држава, од печатот на автокефална Македонска црква, зашто сите доминантно православни држави имаат и своја матична национална црква.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

Коментар(10)

  1. Дай, Боже, и на Македония да бъде призната нейната маточна църква, както заслужава. А на македонските Братя по вяра и най-вече на тези които пишат публикации и така формират общественото мнение пожелавам най-после да бъдат мъдри и смирени. За да приемат и признаят факта че българите имат точно колкото и македонците право да се смятат за наследници на някогашната ОА. Това не е агресия, това не е претенция към вашата територия ,това е исторически факт, който не би трябвало никого да увреди. Поздрав

  2. Види вака, Фил: факт е дека во минатото сме имале заеднички корени во однос на Црква, народ итн., со тоа сум во потполна согласност со тебе. Заедничка ни била не само Охридската архиепископија, но и Преславската архиепископија, и Трновската патријаршија и Егзархијата. А кога зборуваме за заедништво, не можеме, а да не забележиме дека БПЦ-БП на почетокот направи многу добар чекор што ја прифати подадената рака од МПЦ-ОА и формира комисија со цел да се застапува за решавање на проблемот со статусот на нашата црква. Значи целта на барањето на МПЦ-ОА кон БПЦ беше таа само да помогне во процесот за признавање на автокефалноста на МПЦ, бидејќи крајната дестинација од каде што може да дојде томосот за автокефалност е Константинопол. И сѐ се одвиваше добро, додека не дојде онаа кардинална и неразбирлива грешка на БПЦ-БП да не учествува во прославата на 1000-годиншнината од Охридската архиепископија во Охрид, со што ќе се дадеше акцент на нашата заедничка историја, но и добра порака за во иднина. Веднаш потоа следеше и онаа глупава и антицрковна изјава на владиката Наум Русенски, кој рече: „Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, како вистински наследник на Бугарската Охридска архиепископија, независно од политичката коњунктура“. И „Бугарските архиереи имаат должност со достоинство да го чуваат својот национален идентитет, па согласно тоа се должни да се држат до каноните на православната црква, не дозволувајќи било какви скршнувања од единството на светата соборна и апостолска црква“. Очигледно владиката Нуам, инструиран од некакви политички руско-српски структури, западна во очаен квази-национализам. Како прво, никој од него не побара да се откаже од својата историја, достоинство, наследство и не знам ти што… Напротив, од бугарските владици беше побарано не да го прекршат канонскиот поредок на Црквата, ниту пак своето достоинство, туку да го поддржат токму тоа заедничко минато и наследство, нешто што го направија политичарите на двете земји, а за кое немаа доволна визија и пастирски поглед одредени бугарски архиереи предводени од горе споменатиот. Но тој многу повеќе наликува на оние грчки националистички архиереи од Егејска Македонија, кои ја користат црквата само за пропагирање на национал-шовинизам и раздор меѓу истоврените народи. Повеќе од јасно е дека и Наум Русенски и овие грчки владици се на иста поличка бранова должина, финансирана од некои злобни структури – нешто што неодамна и јавно се докажа.
    А што се однесува до јурисдикциите, ниедна од денешните цркви нема директен континуитет со црквата за чиј наследник се претставува. Зашто по укинувањето на Охридската архиепископија, целиот Балкан потпаднал под јурисдикција на Вселенската патријаршија, за потоа да се создаде Егзархијата, за која овде во Македонија луѓето го полагаа животот. Потоа во согласност со тогашните политички услови, егзархиските епархии ѝ биле дадени на Српската црква, за на крај од нив да произлезе Македонска православна црква, како легитимна наследничка на Охридската архиепископија, која и ден денес живее и го крепи верниот народ во Македонија. Како што е неоспорен факт дека Охридската архиепископија е дел од нашата заедничка историја, исто така неоспорен факт е дека народот од Македонија најмногу се бореше за нејзиното востановување и откако ја востанови, прв ја вклучи во уставот на својата црква. Да бидеме реални и да работиме за заедништвото, а не за раздорот.

  3. Зар сега треба да имаме и бугарски Јован Вранишковски, Цариградската патријаршија се согласува да не признае само како Охридска Архиепископија што му одговара на ГПЦ, ние сме и треба да бидеме МПЦ=ОА, и никако поинаку, бидејки ние сме наследници не само на ОА, туку и на Јустинијана Прима, и нема потреба Цариградската патријаршија да не признава, бидејки еднаш сме ја добиле автокефалноста и таа никогаш не се губи, освен со административна сила. Прочитајте ја книгата на познатиот руски историчар Николај Карташев, “Како настанале националните православни помесни цркви во 19 век“ и се ке ви биде јасно. Не се работи за нарушувае на црковни канони туку борба за територии, бидејки колку поголема територија има една црква толку е посилна. Што би се случило кога Украина, Естонија, Латвија, Казакстан, Таџикистан, Молдавија Јапонија би се отцепиле од РПЦ, дали ке ја има сегашната моќ.

  4. До Виктория .БПЦ е правила и прави много грешки не само навън (надвор) но и вътре. С това което сте написали съм напълно съгласен. Не съм съгласен единствено с това че МПЦ е в челюстите на БПЦ. Това е глупост. Не е , не е била, и няма да бъде. Да, нашите спонтанно реагираха на инициативата на МПЦ, а после след острите реакции наСПЦ, РПЦ и Фенер дръпнаха уплашено назад. За да оправдаят пред българското общество своето непоследователно и нетешително поведение , излязоха с номера, видите ли ,ние патриотично сами ще я празнуваме ОА. В заключение искам да кажа че МПЦ е в челюстите на СПЦ, Фенер и РПЦ, а БПЦ няма потенциал нито способност нито тежест да помогне сама на себе си , камо ли на МПЦ. А ОА трябваше да я славим заедно ама на….

  5. Кое е точно смешното бе, Николай? Кажи ми , за Бога.

  6. Г. Фил БПЦ не може да прежали што таа не може да биде црква-мајка, и да ги спроведува своите големобугарски претензии, она што сега го прави СПЦ, сите сакаат да ја грабнат ОА и да ја прикажат како своја. Константинопол не се интересира да воведе ред туку да ја наметне својата власт, видете како прави раздор во Естонија, православните Естонци се разделени на две половини КПЦ и РПЦ, а истото се случува и низ европските земји. Господ нема да праша на која црква и припаѓаме – мислам на православните, туку дали сме покажале љубов кон Бога и кон ближните и дали сме покажале милост кон тие што имаат потреба. Но нашите поглавари повеке се грижат за земното отколку за небесното. Жалосно што секоја православна црква својата автокефалност ја добиле заради политички околности, а не според каноните. Е па сега тоа не важело за МПЦ-ОА, било ерес-етнофилетизам. Г. Фил се надевам дека најискрено од сесрце и посакуваш автокефалност на МПЦ-ОА.

  7. Не може да се каже дека МПЦ-ОА е во челустите на БПЦ, бидејќи овие се обидоа да помогнат, но беа страшно притиснати од русите, србите и грците и некои владици како тој Наум Русенскиот, кои се само кукли и марионети а не пастири во црквата, подлегнаа на притисоците. А ти Фил, си во право: под маската на лажниот патриотизам сега тие владици се обидуваат да ја скријат глупоста што ја направија. Но сепак дел од бугарската црква и целото бугарско општество и интелигнецијата застанаа зад МПЦ-ОА и ја поддржаа иницијативата. Такво нешто и признание немаме ни кај еден друг сосден или далечен народ и тоа ни докажува со кои сме биле најблиски низ историјата. А тебе Николај, се гледа дека ти се измешани работите, спомнуваш бугарски Вранишковски, Цариградска патријаршија, Јустинијана прима, незнам ти што… Не само Карташев, треба и многу други книги да прочиташ, па да можеш да изведуваш логични заклучоци, оти во случајов ти си тој на кого треба да му смееме.

  8. Ръка на сърцето, Мариян има много по-добре бистър и верен поглед за нещата от Николай. Тантрата за Великобугарски претенции – това е глупост , която само в ЕХ- Югославия може да вирее.

  9. Немојте да се залажувате македонци и толку да се грижите за големиот македонизам,побитно е единството на црквата и еднодушноста, териториите и властите не се постојани како црквата и се менуваат.За МПЦ е битно единствено Афтокефалноста, се друго е излишано.
    И денеска е јасно видливо за што служела ОА и јасно е на кого припаѓа- на сите словени народи за кои постоела затоа не е ничија нити македонска нити булгарска туку сесловенска.

Напиши одговор на Марјан Тодоровски Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *