Почетна Анализа Првата средба на Павле со американскиот амбасадор
Првата средба на Павле со американскиот амбасадор

Првата средба на Павле со американскиот амбасадор

823
1

„Религија.мк“ во еден краток фељтонски серијал ќе ви пренесе еден апсект од животот на Патријархот Павле, прикажан преку настани од неговиот живот, кои се прераскажуваат во црковните кругови на СПЦ, но и на останатите православни цркви. Во наредните денови ќе можете да прочитате за „случки од животот на Патријархот Павле“.

Кон Американците

Кога Владиката Павле станал Српски патријарх, како што забележува уредникот на Музејот на СПЦ, Слободан Милеусниќ, многубројни делегации на од странски претставници искажале желба да се сретнат со него. Тогаш дошол и во тоа време доста активниот тогашен американски амбасадор, Ворен Цимерман. Патријархот го примил во Патријаршијата. Амбасадорот му ги пренел поздравите од името на американскиот народ, од името на американскиот претседател и од свое име.

Почнале разговори по општи теми и на крајот амбасадорот прашал?

-Со што можам да Ви помогнам?

Патријархот го погледнал…

-Ваша Екселенцио, не ни пречете, така најмногу ќе ни помогнете! Одговорил Патријархот Павле.

(продолжува)

Коментар(1)

  1. Urednik na Muzejot na SPC ne postoel nikogas, pa toa ne mozel ni pokojniot d=r Slobodan Mileusnic da bide. Toj bese direktor na Muzejot na SPC.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *