Почетна Анализа Русија цели кон религија
Русија цели кон религија

Русија цели кон религија

539
0

Широки ограничувања на мисионерската работа, вклучувајќи ја проповедта, наставата и активностите за регрутирање на луѓе во религиозни групи.

На христијаните во Русија нема да им биде дозволено преку маил да ги поканат своите пријатели во црква или да ја практикуваат религијата во своите домови. Ова е предлог во новите закони за надзор и за борба против тероризмот, кои се уште не се усвоени.

putin religijaПреложените закони се сметаат за големи рестриктивни мерки во земјата во постсоветската историја, кои ставаат широки ограничувања на мисионерската работа, вклучувајќи ја проповедта на религијата, како и наставата и активностите за регрутирање на луѓе во религиозни групи.

За да ја споделат верата, граѓаните мора да обезбедат дозвола од Владата преку регистрирана верска организација и нема да можат да ја практикуваат верата било каде покрај црквите или други религиозни објекти. Ограничувањата дури важат и за активности во приватни резиденции и на интернет.

putin religija 1Изминатата недела, протестантските малцинства во Русија (за кои се проценува дека се околу еден отсто), се молеле, постеле и испратиле петиции до претседателот Владимир Путин, кој треба да ги одобри мерките пред тие да станат официјални.

Мерките биле предложени од партијата Обединета Русија од пратеничката Ирина Јароваја и се чини дека се насочени за религиозните групи кои се надвор од Руската православна црква.

Според Френк Гобл, експерт за верски прашања тоа ќе значи дека на Руската православната црква ќе може да ја шири верата кај етничките Руси, но на другите цркви тоа нема да им биде дозволено.

Рускиот национален идентитет останува врзан за Руската православна црква.

Руската православна црква е дел од бедемот на рускиот национализам, што е предизвикано од претседателот Владимир Путин, вели Дејвид Аикман, професор за историја и експерт за надворешни прашања.

/ВОЛ СТРИТ ЖУРНАЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *