Почетна Вести Христијанство Манастирите Бигорски и Рачјица во изолација, молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат
Манастирите Бигорски и Рачјица во изолација, молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат

Манастирите Бигорски и Рачјица во изолација, молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат

1.46K
0

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица, двата најпосетувани манастирски центри на МПЦ-ОА, од синоќа практично се затворени за верници, но молитвите и литургиите се одвиваат, а монасите и монахињите ги посветуваат на што поскоро решавање на целата ситуација со коронавирусот.

-Сите сме добри. Нема никаква паника, туку пред се со надеж во Бога и доверба во државните институции, молитвите непрестајно се одвиваат. Се молиме за сите, за спасение. Нема потреба од никаков страв, едноставно да останеме смирени и да ја држиме надежта и да ги охрабриме сите заедно да се молиме за сите, велат монасите за религија.мк.

Ако некој планирал да патува во Бигорски или Рајчица, подобро да го одложи патувањето затоа што на последниот пункт кај мавровската брана ќе биде вратен назад. Манастирот Свети Ѓеорги Победоносец во Рајчица практично е во карантин бидејќи се наоѓа на влезот од градот Дебар. Забранет е секаков влез и излез од манастирот.

Бигорскиот манастир теоретски не е во изолација, но практично е невозможно да се стаса до него. Поради кризната состојба оневозможен е и пристапот меѓу двата манастира додека трае кризната состојба.

Монасите велат дека засега имаат храна и се што им е потребно. Дали ќе бидат подлежни на тестирања ќе одлучат здравствените власти.

Монасите апелираат со сите граѓани, не само на општините Центар Жипа и Дебар, да бидат смирени и да ги почитуваат препораките на државните институции, а заедно сите со молитва да помогнат во надминување на кризата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *