Почетна Вести Свет Кина со динамит урна огромна христијанска црква
Кина со динамит урна огромна христијанска црква

Кина со динамит урна огромна христијанска црква

859
0

Кинеските властите во северниот дел уништија, голема христијанска црква во градот Линфен. Очевидци тврдат дека црквата ја урнале властите си динамит, додека локалните официјални лица го негираат тоа.

Очевидци и активисти од странство велат дека сили на кинеската Национална вооружена полиција во вторникот користеле динамит за да ја уништат црквата Златен свеќник во Линфен.

Атеистичка комунистичка Кина се најде меѓу десетте држави во светот, кои според американскиот Стејдепартмент се најголемите прекршувачи на верските права и слободи во светот.

Во Кина, според проценките, има 60 милиони христијани, многу од нив работат во независни заедници, како што е Златниот свеќник, а зголемената популарност на црквата, чие дејствување државата не го одобрила, предизвикал гневот кај локалната власт.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *