Почетна Вести Свет 215 милиони Христијани предмет на прогон
215 милиони Христијани предмет на прогон

215 милиони Христијани предмет на прогон

917
0

Повеќе од 215 милиони христијани се предмет на прогон, стои во неодамна објавениот извештај на Меѓународната организација за помош на прогонетите христијани “Отворени врати”, која веќе 50 години е посветена на помошта на христијани, прогонувани заради верата.

И оваа година на листата се наведени 50 земји, распоредени според нивото на закана за Христијаните во нив. Истражувањето опфаќа периодот од 1 ноември 2016 на 31 октомври 2017 година.

Според оваа студија прогонот се однесува за неправди предизвикани на лица и групи за нивна вера во Исус Христос”, а формата подразбира од културно- социјална дискриминација писихчки малтретирање и физичко насилство, тортура, киднапирања, уништување на имотот и убиства.

Прва држава на таа листа е Северна Кореја, па потоа следуваат Авганистан, Сомалија, Судан, Пакистан, Еритреја, Либија, Ирак, Јемен и Иран.

Според извештајот, во периодот на истражувањето биле убиени околу 3100 христијани, имало повеќе од 15,500 напади врз христијански објекти. Околу две илјади Христијани биле ставени  в затвор за својата вера и повеќе од 1.200 биле киднапирани. Освен тоа повеќе од 33 000 Христијани биле подложени на различни физички напади или психолошки тортура.

Според проценките на организацијата “Отворени врати” во Африка повеќе од 81 милиони Христијани биле жртви на прогон, а во Азија и на Блискиот Исток – повеќе од 113 милиони луѓе, во Латинска Америка – 20 милиони, во други делови на светот – речиси 12 000 луѓе.

Меѓу главните закани за христијаните е радикализацијата на екстремисти, главно во Африка и во азискиот неарабски муслимански свет. Особено, зголемувањето на случаите на етничко чистење врз основа на верска припадност се забележува во Нигерија, Кенија, Сомалија и Судан. Друга закана за христијаните во Азија е “верскиот национализам” – во овој поглед Индија и Непал се најголемите угнетувачи. Влијанието на “идеолошкиот национализам” во Кина, Виетнам и Лаос е сериозен проблем. Во земји како Северна Кореја и Еритреја главниот извор на прогон се нарекува “диктаторски параноја”. Христијаните во Мексико и Колумбија најчесто се жртви на “организираниот криминал и етничките конфронтации”.

Извештајот на “Отворени врати”, исто така забележува благо подобрување во ситуацијата во Кенија и Етиопија. Значително намалување на нивото на насилство врз христијани се забележува во Сирија, што главно се должи на поразот на Исламската држава.

/ДОБРОТОЉУБИЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *