Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Религијата и образованието во светот – Евреите најобразовани
ИСТРАЖУВАЊЕ: Религијата и образованието во светот – Евреите најобразовани

ИСТРАЖУВАЊЕ: Религијата и образованието во светот – Евреите најобразовани

341
0

Големи празнини во нивото на образование и понатаму постојат, но сите вери имаат напредок, особено меѓу жените, покажува истражувањето на „ Pew Research Center “  центарот за глобални истражувања.

Евреите се многу повисоко образовани од која било друга верска група во светот, додека Муслиманите и Хиндусите имаат најмалку години на формално образование, покажува глобалната демографска студија, кој покажува големи разлики во просечното ниво  на образование меѓу верските групи.

Овие пропусти во образованието делимично се и резултат на тоа каде се сконцентрирани верските групи во Светот.

istraz-pjuНа пример, најголемиот дел од Евреите во светот живеат во САД и во Израел, две економски развиени земји со високо ниво на вкупно образование. Ниското ниво на образование кај Хиндусите  го одразува фактот дека 98% живеат во земјите на Индија, Непал, Бангладеш.

Но, сепак постојат значајни разлики во образованието помеѓу верските групи кои живеат во исти региони, па и во иста држава. Во подсахарска Африка, на пример, Христијаните генерално имаат поголемо просечно ниво на образование од Муслиманите. Некои социолози, овој јаз го припишуваат пред се на историски фактори, вклучувајќи и мисионерски активности во текот на колонијалните времиња.

Потпирајќи се на пописот и истражувањето од податоците на 151 држава, (Македонија не е опфатена во ова истражување) студијата исто така пронаоѓа големи родови празнини во образованието кај некои светски религии.

На пример, Муслиманките во светот имаат просек од 4,9 години школување, во споредба со 6,4 години меѓу Муслиманите од машки пол. А, формалното образование е особено ниско кај Хинду жените, кои имаат 4.2 години школување, во просек со Хинду мажите кои имаат 6,9 години поминато во училиште.

istraz-pju-1Сепак, многу од овие разлики, по се изгледа се намалуваат во текот на годините, бидејќи верските групи со најниско просечно ниво на образование (Муслиманите и Хиндусите ) имаат направено и највисок скок кај новите генерации верници, како и меѓу родовите внатре во религиите.

istraz-pju-2Во овој момент, возрасните Евреи (возраст од 25 години и нагоре) имаат глобален просек од 13 години формално образование, споредбено со околу 9-те години меѓу Христијаните, 8 –те години кај Будистите 6-те кај Муслиманите и Хиндисите. Оние пак кои себе си се декларираат како Атеисти, Агностици или нешто посебно – имаат поминато во просек околу девет години во училиште, малку помалку од возрасните Христијани во целиот свет.

Но, бројот на години поминати во образование, во последните децении е во пораст кај сите верски групи, но со најголем скок кај најниско образованите.

На пример, најмладите Хиндуси во студијата (оние кои се родени помеѓу 1976 и 1985) поминале во просек 7.1 година во училиште, речиси двојно повеќе во однос на школувањето што го добиле најстарите Хиундуси во студијата (оние родени помеѓу 1936 и 1955 година). Најмладите муслимани имаат направено идентичен скок, во просек околу три години школување повеќе, во споредба со родените неколку децении порано.

istraz-pju-3Во истиот временски период, наспроти тоа Христијаните имаат стекнато во просек дополнително само уште дена година од образованието, Евреите пак бележат скок помал од половина година дополнително образование.

Во меѓувреме, најмладата генерација верски неповрзани (Атеисти, Агностици) според студијата има скок во образованието од околу 2,9 години во споредба со нивните постари.

Ова се некои од клучните заклучоци од новата демографска студија на ПЈУ.  Оваа студија е прво сеопфатно испитување за разликите во нивото на образование кај припадниците на религиите.

/RELIGIJA.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *