Почетна Политичка теологија Во Македонија има 2.4% Атеисти
Во Македонија има 2.4% Атеисти

Во Македонија има 2.4% Атеисти

436
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер

Во Македонија живаеат околу 2.4 % од населението, кои за себе велат дека не припаѓаат на ниту една верска определба и себе си се вбројуваат во групата на Атеисти, Агностици.

2Овие податоци кои се резултат на обемното истражување на Религија.мк, Инстотутот за политички истражувања Скопје, со поддршка на фондацијата Кондрад Аденауер, покажуваат мал пораст на оваа категорија.

Според статистичките податоци на пописот од 2002 година, каде нема категорија атеисти, во графата за останати религиски определби, само 1.55% од попишаното население не спаѓало во катогориите на Православни, Муслимани, Протестанти и Католици. Според тие анализи атеисти во Македонија тогаш имало помалку или окоу 1 %.

1-png-1Сегашното истражување на Религија.мк, покажува пораст на оваа категорија граѓани во Македонија. Ако се анализираа истражувањето по етничка припадност на испитаниците, ќе се види дека кака Атеисти се определиле Македонците и тоа со процент од 3,2. Според местото на живеење тие најмногу се сконцентрирани во Скопје и во поголемите градови во Македонија.

Анализата на образовната и структурата на професијата на испитаниците покажува дека атеисти најмногу има кај населението со вишо или високо образование, пензионерите и невработените.

Кога се анализира возраста на припадниците на Атиеисти, тие најмногу се сконцентрирани кај населението на возраст од 29 до 39 години.

1-png-3Инаку, според истражувањето на Религија.мк, ИПИС и КАС, во Македонија има 75,2% Православни, 21,6% Муслимани, 0.4% католици, а 0,5% од испитаниците се определиле како пропадници на други религии.

Анализиата на етничката припадност на испитаниците во поглед на верската определба го покажува познатиот карактер дека во најголем процент верската прпадност се поклопува и со етничката припадност на населението. 95.8% од етничките Македонци се изјасниле како припадници на Православната вера, додека пак 98,3% од етничките Албанци се припадници на исламската вероисповест.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *