Почетна Вести Грузискиот патријарх: Имам обврска да зборувам против хомсексуалците
Грузискиот патријарх: Имам обврска да зборувам против хомсексуалците

Грузискиот патријарх: Имам обврска да зборувам против хомсексуалците

816
0

ilija gruziski 2Грузискиот Патријарх Илија и одговори на Европската комисија за обвинувањата дека шири говор на омраза, расизам и нетолеранција поради неговите ставови за хомсексуалните бракови.

-Денес треба уште повеќе да се замислиме, и уште подлабоко да проникнеме во тие проблеми и прашања коишто стојат пред нашата земја и Црква. Денес човекот ги смета за природни појави тие нешта кои се грев. Страшно е и тоа што денес некои луѓе сакаат да го озаконат таквиот грев, како еднополов сојуз. А тоа е толку голем грев што за него дури и не приличи да се разговара во храмот. Ниту да се изговори јавно името на таков голем грев, изјавил Грузискиот патријарх.

-Процесот на глобализација што се случува во целиот свет е неизбежен и ние не можеме да го запреме. Сепак, треба од тој процес да го избереме само тоа што е душеполезно и неопходно за нашиот народ. Тие работи коишто се противни на Православието, Грузискиот народ никогаш не ќе може да ги усвои. И нема да ги прифати“, рекол Патријарх Илија.

Тој вели дека Грузија е земја каде што секој се чувствува себеси слободен, но има некои работи коишто не треба да се допуштат.

-Како може да се озакони беззаконието? Озаконување на беззаконието – тоа е голем грев. И токму за тоа јас говорев претходно. Го кажав тоа што требаше да го кажам и доколку премолчев ќе беше страшно. Јас сум обврзан да зборувам за ова. Ниту еден верник не може да го прифати таканаречениот антидискриминациски закон. Сакам да додадам уште и дека ќе дојде време кога ќе ни биде несфатливо и ужасно како можевме да го допуштиме тоа и да усвоиме таков закон, изјавил Грузискиот Патријарх Илија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *