Почетна Вести Патријархот Кирил: Војната против тероризмот е света војна
Патријархот Кирил: Војната против тероризмот е света војна

Патријархот Кирил: Војната против тероризмот е света војна

159
0

Kiril Ruski patrijarhНека Бог му даде на нашиот народ и на нашите вооружени сили сила за никогаш да не го напушти идеалот на христовата војска. И денес, кога нашите војници учествуваат во борбените дејствија на Блискиот Исток знаеме дека тоа не е агресија, дека тоа не е окупација и дека тоа не е наметнување на другите идеологии, дека тоа не е поддршка на некоја Влада – тоа е борба со оние страшни непријатели кој во себе носи зло не само на Блискиот Исток, туку и на целиот човечки род. Ова го изјавил патријархот Кирил на една неодамнешна проповед.

Ова зло го нарекуваат тероризам. Терористите убиваат луѓе, кои не војуваат со нив на никаков начин и не претставуваат никаква опасност. Тие убиваат за да заплашат и за да скршат нечиј отпор, потенцирал патријархот.

Затоа, според него, војната против тероризмот е света војна. Тоа треба да го разберат луѓето во целиот свет и никој не треба да ги дели терористите на добри и лоши.

Војната со вакви непријатели и чесни сретства е света војна и ние се молиме вооружените сили на нашата татковина во сите околности да останат верни на духовната линија која подразбира учествување на војската само во борба против злото, во борба за правда, во борба за спасување на човечки животи, истакнал патријархот Кирил.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *