Почетна Вести Рускиот патријарх бара нов Собор на Православната црква
Рускиот патријарх бара нов Собор на Православната црква

Рускиот патријарх бара нов Собор на Православната црква

422
0

Како и што се предвидуваше, роденденот на Рускиот патријарх Кирил, минатата недела се претвори во мини советување на ниво на автокефалните цркви за Големиот собор одржан на Крит годинава.

kiril-rodenden-5Рускиот патријарх, иако родендените во основа православната црква не ги практикува како одбележување, одлучи за својот 70-ти роденден да ги покани во Москва поглаварите на сите автокефални цркви. Меѓу нив сепак не допатува Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Токму овој настан пред една недела бил искористен за да Руската црква уште еднаш ја оспори валидноста на Соборот од Крит и да најави одржување на нов Собор.

Официјално Руската цкрва го соопшти својот став на пресконференција, но не откри детали од внатрешните разговори и реакциите на останатите цркви.

Руската црква Соборот на Крит не го смета за Собор, туку за дел од процесот на организација на идниот Собор кој треба да се одржи. Овој став Патријархот Кирил јасно им го пренел на сите претставници на помесните православни цркви на билатералните разговори, но и на заедничката средба.

Истиот став Кирил го потенцирал и на пресконференцијата во Москва, посочувајќи дека сака да се одржи средба на Поглаварите на Православните цркви за да се разгледаат документите усвоени на средбата во Крит.

-По секој Собор во историјата имало разногласија. Тоа се случувало дури и по Вселенските собори. Ние денес треба да бидеме претпазливи од опасноста да создадеме нов раскол. Тоа е причината за нашите позиции, сите решенија да се донесат со консензус. Наспроти тоа, стана сосема видливо и јасно и на средбата во Женева, дека две од црквите – Антиохиската и Грузиската, го нарушуваат консензусот, откако откажаа да потпишат многу важни документи, изјавил Патријархот Кирил.

Рускиот патријарх го повторил ставот на РПЦ дека нејзиното не присуство на средбата на Крит е резултат на отстуството на четири помесни православни цркви – Грузиската, Бугарската, Антиохиската. Овде Кирил ја вбројува и Српската црква, иако таа во последен момент одлучи да замине за Крит.

Официјално нема потврда за тоа како реагирале останатите поглавари на Православните цркви, на овие ставови на РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *