
Откако Митрополитот на Пиереја, Серафим испрати остро писмо во кое јасно се противи на одлуката на Синодот на Грчката православна црква да дозволи посета на Папата Франциск на Лезбос, сега и Митрополитот на Глифада Павле, исто така застана против одлуката на Синодот на ГПЦ, оценувајќи ја како неканонска.
Смета дека постојаниот синод на ГПЦ, (тело кое не членуваат сите архиереи) нема нингеренции да носи вака важна одлука и дека според Уставот на ГПЦ, таква дозвола за посета на Папата на Грција, може да донесе само Соборот на ГПЦ, (највисокото тело во кое членуваат сите владици).
-Се молам таа средба (Франциск, Јероним и Вартоломеј на Лезбос) да биде одложена, додека во не се закаже заседание на Соборот на Архиереи на Грчката црква и додека не се донесат соодветни мерки, напишал во реакцијата со Синодот Митрополитот на Глифада.
Инаку посетата на грчкиот остров Лезбос, заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и грчкиот Архиепископ Јероним, за 16 април ја потврди и Ватикан.
-Еднодневната посета на Папата Франциск на островот е слила порака за одговорност и солидарност кон драматичната криза со бегалците, пишува во соопштението на Ватикан.