Почетна Коментар Серафим Пирејски: Посетата на Ересоначалникот (Папата) е навреда за Грција
Серафим Пирејски: Посетата на Ересоначалникот (Папата) е навреда за Грција

Серафим Пирејски: Посетата на Ересоначалникот (Папата) е навреда за Грција

324
2

Пирејскиот митрополит, Серафим е еден од најрадикалните антиекуменисти во редовите на Грчката православна црква. Станува збор за владика предводник и на националистичкото крило грчки Ахриереи. Тој покрај тоа што е најжесток противник на одржувањето на Сеправославниот собор, оваа недела го предизвика вниманието на јавноста и со писмото испратено до Синодот на ГПЦ, во кое жестоко се противи на одлуката на ГПЦ да дозволи посета на Папата Франциск на островот Лезбос.

Ставовите на Серафим Пирејски се во спротивност со принципите за кои се залага, Религија.мк“, но сепак редакцијата одлучи да го објави интегрално писмото на овој грчки Архиереј само со една цел, да може да се види и прочита речникот со кој се служи еден Архиереј на една православна црква во XXI век.

sinod gpcОдлуката на редовната седница на Синодот од 5 април 2016 г. со која Грчката црква даде согласност за посетата на г. Франциско Бергољо, кој неканонски владее со некогаш многуславниот и древен патријаршиски престол на Стариот Рим и на Западот, во нашата маченичка татковина, се издаде со очигледно надминување на границите на општото расудување и со прекршок на одредбите на Уставот на Грчката црква (Ν 590/1977), и особено на членот 9, параграф 1, што ги одредува должностите на редовниот Синод во делот 4, кој предвидува редовниот Синод да ги засега само „црковните теми од тековна природа“. Додека, пак, посетата на папата ересоначалник г. Франциско во православна Грција, по природа спаѓа во областа на висока пастирска и црковна важност и припаѓа на должностите на Архиерејскиот собор, како што е предвидено во членот 4, дел 1, кој вели дека само Архиерејскиот собор „ги одредува врските на Грчката црква со инославните“. И уште, член 9, параграф 2, пропишува дека до свикувањето на Архиерејски собор, редовниот Синод раководи со целата црковно-административна власт, но сепак, за посета на една толку проблематична и озогласена личност за Православната црква на Грција, треба да го побара мислењето на целото свештено тело на јерархијата.

Поради необмислената и бесцелна одлука на Синодот дојде до брзa „одмазда (немесис)“ со истовременото коминике (05.04.2016) од канцеларијата на Вселенската патријаршија во Константинопол, кое го покажува Всленскиот патријарх Г. Вартоломеј како сторител на целиот случај, а Грчката црква во суштина како вовлечен следбеник на неговите наредби, во нејзината канонска администрација!!!

Неопходно е да го спомнеме комичното во конкретнава иницијатива, која во секој случај е во спротивност со договорот помеѓу ЕУ и Турција за враќање на протокот на емигранти и бегалци муслимани кон Европскиот континент, и ги покажува верските водачи на православната соборна Црква и на Римокатоличката парацрква, како следбеници на Open Society Foundation на Џорџ Сорос и на неговите скриени заповеди, во нивниот борбен обид да го поништат гореспоменатиот договор и да ја остварат својата платформа, за која, како што објави Сорос, неодамна во Турција биле исплатени 11 милијарди долари на НВО, за да го населат Европскиот континент со муслиманско население.

Мигрантите и бегалците кои ќе бидат посетени од гореспоменатите на островот Лезбос, треба да бидат вратени во Турција, и последователно, присуството на верските водачи на Лезбос ќе треба да успее да го поништи враќањето и да настојува на отворање на границите на Европа за многуте милиони муслимани од Средниот Исток, Магреб, подсахарска Африка, Пакистан и Бангладеш.

Сигурно ниеден разумен нема да поверува дека конкретната посета ќе ги прекине воените судири во Сирија и Ирак, предизвикани од финансираната од сунитскиот блок (С. Арабија, Катар, Оман и остантаите Емирати на Арабискиот Залив) ИДИЛ против законската влада на Багдад и Дамаск, нити, пак, дека ќе го промени убиствениот ислам и куранските заповеди на лажниот бог, дадени на лажниот пророк Мухамед за колеж на неверниците (сури: Плен, стих 12 и 17; Трпеза, стих 33; Мухамед, стих 4; Железо, стих 21).

Но, присуството на ересоначалникот г. Франциско Бергољо во нашата маченичка татковина, го навредува, прво, блажениот Архиепископ Атински и на цела Грција, г. г. Јероним, бидејќи конкретниов неодамна „прими“ еден шпански бенедиктински калуѓер, г. Мануел Нин, го облече во православни архиерејски одежди и го востоличи на улицата Ахарнон, во канонските граници на Светата атинска архиепископија, како унијатски гркообреден епископ на непостоечката грчка унијатска заедница.

Ги навредува уште и светите и преподобни отци на нашата неосквернета вера, кои страшно пострадале и биле убиени од претходниците и истоверните на г. Франциско Бергољо, низ вековите.

Тринаесетте отци преподобномаченици, кои биле изгорени во манастирот Кантара на Кипар (19.05.1231), за време на латиномислениот патријарх Константинополски Јован Век, бидејќи не сакале да ги прифатат бесквасните лебови; постраданите за време на Михаил Палеолог светогорски отци во Кареја (05.12.1279) и на манастирите Зограф, Ватопед, Ивирон, Кутлумуш и Кеснофонт (04.01.1280), бидејќи не ја прифатиле озогласената Лионска унија.

Осумстотини илјадите Срби новомаченици (1941-1945) кои биле убиени со страшни измачувања, по наредба на прекршителот на моралните закони, осуден од Меѓународниот суд за  воени злосторства, папскиот архиепископ на Загреб во Хрватска и ментор на усташите фашисти, Алојзи Степинац, кој беше „канонизиран“ од страна на прогласениот „светец“ на Римокатоличката парацрква, Јован Павле Втори (Војтила), за кого неодамна беше обелоденето дека имал љубовна преписка со негова сонародничка – академик во брак.

Го навредува и свештениот Спиридон, заштитник и помошник на нашата Митрополија, кој на 12 ноември 1716 го потресе Акрополот во Крф и венецијанскиот дужд Андреа Пизани, за да не гради жртвеник (олтар) на Римокатоличката парацрква во светиот храм во Крф.

Го навредува и светиот славен свештеномаченик Максим Карпаторусин, кој бил застрелан заедно со својата презвитера и децата од страна на унијатите, како и Атанасиј, игумен украински, кого го убиле полските унијати, и неговото маченичко тело го фрлиле на некое ѓубриште, каде останало 17 години и после тоа било извадено нераспаднато, неповредено и благоухано.

serafim pirejskiГореспоменатата посета Го навредува со сето тоа и Сесветиот Бог во Троица, Кој ги освети оние што за православната вера маченички завршиле од претходниците и истоверниците на г. Франциско, бидејќи тој сатански останува во ереста и злославието на папизмот.

Следствено, појавата на г. Франциско и на неговите соработници, ги зголемува проблемите и ја предизвикува нашата православна совест и затоа Синодот треба веднаш да ја отповика својата одлука.

Серафим,
Митрополит Пирејски

Коментар(2)

  1. На многаја лета Владико! Целосна подржка во борбата против екуменизмот! Посетата на папата на една православна земја е навреда за целото православие. Се надевам дека никогаш нема да дојде во Македонија!

  2. A ubivanjeto i progonuvanjeto na stotici iljadi Makedonci od egejska Makedonija i povekevekovnoto sirenje omraza sprema niv od strana na grckata pravoslavna crkva, toa eres e ili..?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *