Почетна Вести Свештеник бил макро на елитни проститутки
Свештеник  бил макро на елитни проститутки

Свештеник бил макро на елитни проститутки

1.56K
0

Уште еден скандал ја тресе Српската православна црква. Свештеник, близок до еден од Владиците на СПЦ, бил дел од ланец на проституција, објавува српски „Курир“.

Српската полиција дошла до сознанија дека во врвот на елитната проституција е и духовник на СПЦ, а меѓу неговите штитенички се две сестри, поранешни членки на денс група од 90-тите.

Свештеникот на СПЦ паднал во рацете на полицијата во рамки на големата акција, што во Србија беше спроведена со цел да се разбие елитната проституција. Српски „Курир“, пишува дека го знае и името на свештеникот, кој според информациите на медиумот и претходно им бил познат на полициските структури, бидејќи своевремено бил осомничуван за продажба на дрога, но бил поврзуван и со подведување малолетници на еден српски великодостојник од Република Српска.

Српската полиција, како што пишува „Курир“, верува дека тој е во самиот врв на елитната проституција.

Ова е само еден од низата сексуални сканали што изминативе години ја тресат српската православна црква.

-Мене ништо не може да ме изненадени. Поткопан е угледот на СПЦ со цел да се заштитат поединци како Епископ Пахомиј. Наместо да се соочуваат со вакви проблеми и да ги осудат, Црквата го турка под тепих, а тоа е, исто така, порака на таквите свештеници да останат неказнети за своите злосторства. Јас не мислам дека тоа е распространета појава, но јас верувам дека на таквите поединци им оди во прилог проституцијата, со која се занимаваат и со други криминални активности. Така ќе биде се додека владиците и епископите не воведат ред меѓу своите свештенослужители, изјавил за „Курир“ српскиот вески аналитичар, Драшко Ѓеновиќ. Тој потенцира дека сепак не треба да се генерализира и поистоветувацелата Црква со овие случаи, но сепак Црквата сама мора да инсистира на лустрација, вели верскиот аналитичар.

Вњесникот пишува дека проститутките на кои свештеникот им бил макро, се две сестри прилипно познати во српската јавност, а меѓу нив е и едан пејачка на народна музика, која, за големи хонорари, била редовно ангажирана на свешености на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *