Почетна Вести МПЦ го потврди чудото, Архиепископот се поклони на иконата
ik 6
ik 5
ik 4
ik 2
ik 3

МПЦ го потврди чудото, Архиепископот се поклони на иконата

12.17K
4

Иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата, Св. Ѓорги во Трубарево мироточи. Македонската православна црква, по направените анализи го поврди чудото што вчера утрото се случи во оваа црква.

ik 3Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, епископот Хераклејски, Климент, деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски и архимандритот Агатон, денеска се поколонија пред иконата на „Пресвета Богородица“, официјално потврдувајќи го нејзиното мироточење.

-Бог е оној кој чуда прави! Бог во секое време испраќа знаци до својот народ, па еве и сега овде на ова место забележуваме во овие денови на Великиот пост, денови на покајание, чудесно мироточење на иконата на Мајката Божја. Чудата на Бог и на Пресветата Богородица нека ни бидат за покајание и утврдување на верата, велат официјално од Македонската православна црква.

Иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево од вчера е место кое го посетуваат голем број верници од Скопје, Трубарево, но веќе доаѓаат и од други градови.

На ликот од иконата на „Пресвета Богородица“ веќе два дена се појавуваат капки налик на вода, или свето миро како што се нарекува во црквата.

Инаку ова не е прв пат вакво нешто да се случува и оваа појава на мироточење од икони е позната во православните цркви. Во МПЦ има регистрирано неколку такви случаи, но обично велат од Црквата за тоа не ја известуваат јавноста.

 

Коментар(4)

  1. Ова баш е големо чудо . Вака да се јавува Бог во непризнаена црква баш е чудо . Ова чудо треба да им се презентира на остатанатите цркви, кои не ја признаваат нашата и да се уверат дека , сепак Бог е со нас, иако сме не призаени., а на нив џабе им е што се признаени и што се канонски, кога бог никаде не им се јавува. Нам ни се јави скоро на фрески ,во Скопје , во Св, Димитрија, сега а икона.. Вистина големи чуда се јавуваат во МПЦ и тоа во вид на солзи на Пресвета Богородица што не ни ја признаваат автокефалноста. Таа се јави и на оние деца во Муѓугорје, Херцеговина, а кога љубопитните прашале што рекла на децата –тие одговориле—рекла смрт Србима .Овде е важно што ништо не рекла, можеби наскоро и ќе рече и овде нешто во вид на–смрт на оние што не ја призаваат МПЦ. Но тоа можи ќе го соопшти само на ГГ Стефан, а никако на грешиот Петар, поради Австралија.

  2. Само да појасним предходном коментатору да и нечастиви чини чуда како би обмануо људе. А о “госпи “из Међугорја не би. То је толика обмана да чак ни Ватикан то није признао. Још када се зна да се то “указање” догодило недалеко од јаме у коју су усташе у Другом светском рату бацали Србе,може се рећи даи ако је се нешто указало у кршу то је нечастиви. Уосталом у Римокатоличкој “цркви ” нема благодати Духа Светога ,јер су у јереси од 1054.године ,па је и немогуће да им се јави Пресвета Богородица. Они су изменили Симбол вере и папу прогласили непогрешивим . Папа Александар шести Борџија је “доказ ” за то сигурно . А да је благодат у Светој Саборној и Апостолској Цркви доказују чуда Светог Василија Острошког и Светог Нектарија Егинског сваког дана.

  3. Ниси у праву Слободане и у римокатоличкој цркви има чуда доказ је чудо Богородице у Лурду. А сигуран сам да има много чак и у римокатоличкој цркви у Јужној Америци. Није да су они превише драгу Богу, а па ни да су Срби или Руси или па Грци нешто па превелики верници или да ове цркве су па једине најближе Божанственом. Него немате више чему да се ухватите па и у светом тражите нечастивог, то све каже који сте ви верници то су лажни верници обузети лажним поносом. Дали је македонска православна истинска црква или дали су римокатолици исто верници и христијани или не то само Бог може казати, а не нека четничко православна црква националиста и гробара братства и јединства народа Југославије. Све је мање људи и правих верника а све више лажњака које своје душевно сиромаштво ките православљем, немој бити један од њих лупи празну главу и размисли мало боље.

  4. Абе чудна работа, ској де по едно чудо во МПЦ. Просто човек да не верува. Па ќе почнеме да се сопнуваме од секојдневните чуда, воколку не се препредени трикови од залуддните попове сега пред Велигден, како би се исполниле црквите за време на празиците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *