Почетна Анализа ГАРДИЈАН: Ватикан меѓу хомосексуалноста и Мартин Лутер
ГАРДИЈАН: Ватикан меѓу хомосексуалноста и Мартин Лутер

ГАРДИЈАН: Ватикан меѓу хомосексуалноста и Мартин Лутер

241
0

Бртианскиот магазин Гардијан, објави анализа во која посочува дека најопасната тајна војна на светот се води во светата столица. Во продолжение прочитајте ја анализита.

Иако е омилен меѓу католиците и некатолиците ширум светот, папата Франциск уште од своето устоличување како поглавар, се бори против жестоките противници во естаблишментот на Ватикан поради своите настојувања да ја воведе Римокатоличката црква во нова ера и да ја реформира.

Се почна со оставката на Мери Колинс

Се чини дека работите ескалираа со оставката на Мери Колинс како член на комисијата што беше формирана од папата за да ги истражи наводите за сексуално малтретирање малолетници низ светот од страна на свештени лица. Колинс ја образложи оставката како чин на револт поради непопустливоста и одбивањето соработка на Римската курија – административниот апарат на Ватикан, тело што папата сака да го реформира.

Папскиот акт Аморис латетитија 

Можеби, најгласни негодувања и спротивставување кон папата предизвика неговата намера да се отвори дебата за бракот, разводите, хомосексуалните лица и за семејството. По два синода на овие теми во 2014 и во 2015, папата Франциск го промовираше папскиот акт наречен Аморис латетитија, со кој, всушност, ги овластува бискупите на локално ниво да носат одлуки за разведените и повторно венчани лица, односно дали ним ќе им се дозволи причесна.

Кардиналска Дубија

Ова ги разбесни конзервативците. Тие објавија писмо до папата од четворица кардинали, таканаречено Дубија или во превод “Сомнеж”, во кое изразуваат сомнеж и поставуваат прашања на кои Франциск треба да одговори едноставно со “ДА” или со “НЕ”, без теолошки аргументирања, со што го доведуваат во прашање неговиот авторитет, барајќи да се изјасни за овие теми. Меѓу нив се тројца пензионирани кардинали и кардиналот Рејмонд Берк, ултраконзервативниот американски адвокат за канонско право, кој дури му се закани на папата со “официјална опомена” доколку не одговори на ова писмо, каде што се бара дециден став од поглаварот во смисла на традиционалното католичко учење.

Петте точки на “војната”

Најспорните точки што ја вознемирија конзервативната струја во Ватикан се: хомосексуалноста, причесна за разведените и повторно венчани лица, воспоставување ред во Куријата, заштита на децата и скандалот со сексуално малтретирање малолетници и Мартин Лутер.

Хомосексуалност

На враќање од своето прво патување во странство 2013 година во Бразил, во Рио де Женеиро, Франциск директно и недвосмислено изјави дека нема проблем со хомосексуалноста.

“Кој сум јас да судам дали тие искрено го бараат Бог?”, рече папата.

Причесна за разведените и повторно венчани лица

Во април 2016 година, папата објави “апостолска егзортација” во која изразува противење на “секое навестување на неправедна дискриминација” засновано на сексуалната припадност, бракот и на семејството.

“Причесната не е награда за совршените”, истакна тој.

Воспоставување ред во Куријата

Веднаш по неговиот избор во март 2013 година, Франциск започна со реформирање на Римската курија, со цел да ги среди финансиите и да рационализира поединечни одделенија во неа. Во декември минатата година, папата ја обвини Куријата за малициозен и прикриен отпор кон реформите.

Заштита на децата и скандалот со сексуално малтретирање малолетници

Папата Франциск ја основаше Комисијата за заштита на малолетни лица под контрола на својот близок соработник, кардиналот Шон О’Мејли од Бостон. Во јуни 2015 година, Комисијата предложи основање трибунал што би ги повикувал на одговорност бискупите што одбиваат да ги решат пријавените случаи за сексуална злоупотреба на деца.

Иако папата го одобри тоа барање, Конгрегацијата за доктрина на верата, со образложение дека постојат законски препреки, одби да го направи тоа, по што Комисијата прекина со својата работа.

Мартин Лутер имаше исправни намери

Во октомври 2016 година, кога отпатува во Шведска, каде што присуствуваше на одбележувањето на 500-годишнина од реформацијата, папата во текот на службата во катедралата во Лунд му оддаде признание на Мартин Лутер поради обновата и централизирањето на Светото писмо.

“Во црквата владееја корупцијата, световноста, желбата за пари и моќ”, изјави тогаш Франциск.

Некои конзервативци воопшто не беа воодушевени од неговото изразување екуменизам.

/ГАРДИЈАН

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *