Почетна Вести Деканот на исламскиот теолошки факултет на светска конференција во Египет
Деканот на исламскиот теолошки факултет на светска конференција во Египет

Деканот на исламскиот теолошки факултет на светска конференција во Египет

289
0

ebibiДеканот на Исламскиот теолошки факултет од Скопје, проф д.р Фаредин Ебиби ја претставува Исламската верска заедница на Република Македонија на конференцијата за исламот, што овие денови се одржува во Асван во Египет.

Конференцијата се одржува во организација на Врховниот совет на исламски прашања во Египет, а темата на која дебатираат светски еминентни теолози на исламски науки е улогата на верските институции на арапскиот и исламскиот свет во справување со предизвиците.

Врховниот совет за верски прашања е највисокиот  верски орган на министерството за вакуф на Египет.

Меѓу присутните е Шејхал Ал Азхар, министерот за вакуф на Брунеј и голем број угледни исламски теолози од исламскиот свет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *