Почетна Вести ИВЗ: Пучистите продолжуваат со измами
ИВЗ: Пучистите продолжуваат со измами

ИВЗ: Пучистите продолжуваат со измами

59
0

Исламската Верска Заедница (ИВЗ) во соопштение ја известува јавноста дека неколку лица(познати за оваа верска институција) активирале електронска адреса слична на таа на ИВЗ, а со цел да го злоупотребат службениот мејл на оваа институција и да предизвикаат забуни со дезиформации кај верниците. За таа цел ИВЗ ги информира медиумите да не подлегнуваат на вакви провокации.

ivz-zgrada-1-Исламската Верска Заедница(ИВЗ) ја известува јавноста и медиумите дека група злонамерници, поточно – тие што веќе две години се обидуваат да предизвикаат раскол меѓу муслиманските верници и кои што се уште се толерираат од органите на редот во нивните обиди да го малтретираат населението со измами, продолжуваат со нивните валкани игри. Тие се обидуваат да предизвикаат збунетост и да шират дезинформации“, стои во известувањето испратено од ИВЗ, од каде што напоменуваат дека нивната службена електронска адреса е : rijaseti.bfi@gmail.com.

ИВЗ посочува дека овие лица активирале електронска адреса слична на таа на ИВЗ-riaseti.bfi@gmail.com, (со промена на само една буква) и на тој начин лиферувале лажни вести до некои портали и медиуми за наводни хуманитарни акции. ИВЗ потсетува дека оригиналната адреса на Исламската Верска Заедница, гласи: rijaseti.bfi@gmail.com.

-Поради горенаведеното, ја известуваме јавноста и медиумите да не подпаѓаат под влијание на измамите на овие луѓе кои што се познати од сите муслимански верници како професионални измамници“, стои во соопштението на ИВЗ.

РИЈАСЕТОТ НА ИВЗ: НЕ СМЕ УПАТИЛЕ КАКОВ БИЛО АПЕЛ ЗА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

Во врска со настанатата ситуација, реагираше и Ријасетот на ИВЗ во РМ, известувајќи ја јавноста дека поединците што се обидоа да предизвикаат раскол меѓу муслиманските верници, продолжуваат со своите криминални активности а со цел да ги раскараат ИВЗ и Џематот.

– Ја известуваме јавноста да не подпаѓа под влијание на овие сценариа за раздор. Истовремено, ги подсетуваме овие криминалци и мунафици дека: Аллах потврдува дека хипокритите се лажговци. Хипокритите тежнеат кон лошото и го избегнуваат доброто, нема сомнение дека тие се нечесните. За нив, Аллах го предвидел Џенемот во кој што тие ќе останат вечно, тие се од Алах проколнати со вечна казна“, стои во реакцијата на Ријасетот на ИВЗ во Македонија.

-Во Исламот, лагата го уништува тој што лаже, како и општеството, па затоа тој што лаже е секогаш отфрлен. Лицата, познати за ИВЗ и за јавноста како пучисти и професионални измамници, пред крајот на годината активираа една интернет страница, слична на службената страница на ИВЗ. Тие, представувајќи се лажно, првично измамиа неколку портали и медиуми, а потоа и јавноста за божемна хуманитарна акција во одредени датуми, со цел да се предизвика револт кај населението, пишува во соопштението

Од Ријасетот подсетуваат дека лажното претставување и измамата се казниви дела и затоа, ИВЗ ќе ги превземе сите законски мерки со цел авторите на оваа измама и лажно представување да добијат заслужена казна.

-Повторуваме дека Исламската Заедница не упатила никаков апел за хуманитарна акција и дека населението не треба да им верува на провокациите на горенаведените злонамерници, стои во реакцијата на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *