Почетна Вести Тргна на пат првата група на идни аџии од Македонија
Тргна на пат првата група на идни аџии од Македонија

Тргна на пат првата група на идни аџии од Македонија

208
0

И оваа година од Македонија тргна првата група идни аџии, со цел извршување на една од главните верски обврски за верниците муслимани – аџилакот, во светите места за нив – градовите Мека и Медина, јавува Anadolu Agency (AA).

Идните аџии, кои се собраа на аеродромот Александар Велики во Скопје, ги испратија нивните семејства, роднини и најблиски пријатели.

adziiЈунус Бајрами, кој за првпат оди на аџилак, за АА изјави дека е исполнет со прекрасни емоции кои не може да ги опише и дека тргнал на овој пат во име на Господ за да ја исполни својата должност како верник. „Да даде Господ секој да ја почуствува оваа среќа. На оние кои денеска не патуваат кон Светата земја, им посакувам тоа во иднина“, рече Бајрами.

Најмлад иден аџија е 9 годишниот Мусаб Бауш, кој на аџилак патува со своето семејство и истакна дека е многу среќен и возбуден поради тоа.

„Мајка ми ме запраша, ‘сакаш ли да одиш на аџилак ’, на што јас одговорив ‘се разбира дека сакам, затоа се молам секогаш во мојата молитва пред јадење’. Тие места секогаш ги гледам на телевизија и компјутер, сега ќе имам можност сето тоа да го видам во живо“, раскажа Бауш, додавајќи дека е љубопитен какво место е Светата земја.

Координаторот за аџилак од скопското муфтивство, Фатмир Заими, соопшти дека на пат на аџилак тргнала заедно со групата од 177 идни аџии, која ја придружуваат 20 члена екипа составена од раководител, здравствена екипа и останат персонал.

На скопскиот аеродромот можеа да се забележат емотивни моменти меѓу идните аџии и нивните најблиски кои ги испраќаа на аџилак.

Генералниот секретар на Исламската верска заедница во Македонија, Ирсал Јакупи соопшти дека оваа година за аџилак се регистрирани вкупно 730 идни аџии.

/АА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *