
Претседателот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи и директорот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), потпишаа договор за реставрација и просторно планирање на три џамии од османлискиот период во Скопје.
Станува збор за Султан Мурат Џамијата, Иса Бег, и Хусеин Џех џамија. Откако беше извршена реставрација на џамиите од османлискиот период во договор со министерството за култура ТИКА како изведувач го потпиша договорот за соработка со Исламската верска заедница на Македонија и Министерството за култура на Македонија, под името „Анекс договор за реставрација и уредување на околината од џамијата Султан Мурат, џамијата Исак Бег (Алаџа) и џамијата Хусеин Шех“.
Програмскиот координатор на ТИКА за Скопје, Теоман Тирјаки, и поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, по потпишувањето на договорот, на заедничка прес-конференција, потенцираа во Македонија соработката продолжува на повеќе полиња.
-Во тие рамки, минатата година изработивме проект за реставрација на џамиите Султан Мурат, Алаџа и Хусеин Шех. На тендерот беа избрани фирмите и се започна со реставрација на објектите. „Се надеваме дека за период од околу 2 до 2,5 години, ќе ја завршиме реставрацијата на објектите и повторно ќе ги предадеме на Исламската верска заедница“, изјави Тирјаки.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис Сулејман Реџепи,вели дека го потпишале договорот со кој ќе се изврши реставрација на три културно-историски објекти што со закон се земени под заштита на државата.
-Ќе се изврши реставрација на џамијата Хусеин, која е една од првите џамии изградени во Македонија, во периодот на Османлиското Царство, потоа џамијата Султан Мурат, која е една од најголемите џамии на Балканот, и џамијата Алаџа, која е призната за една од ретките историски дела од тој период, потенцираше Поглаварот Реџепи, нагласувајќи дека во последните години, ТИКА не врши реставрирање само на џамии, туку и на сето историско и културно наследство од османлискиот и современиот период во Македонија.
Покрај тоа, ТИКА со завршувањето на школската 2016-2017 година, ќе почне со работа за надополнување на недостатоците на медресата Иса Бег и училишниот дом во Скопје.
Во периодот на реставрација, трите џамии ќе бидат затворени за извршување на верски обреди.
I posle Tursko – Turci