Почетна Вести Европа Чешка воведе санкции кон Рускиот Патријарх за злупотреба на верата во воени цели
Чешка воведе санкции кон Рускиот Патријарх за злупотреба на верата во воени цели

Чешка воведе санкции кон Рускиот Патријарх за злупотреба на верата во воени цели

633
3

Чешките власти го вклучија Владимир Гундјаев (Московскиот и на цела Русија Патријарх Кирил) во државниот список со санкции, соопши Министерството за надворешни работи на Чешка.

Санкциите вклучуваат забрана за влез во државата, заврзнување на средства, ако поседува, како и забрана за добивање средства од Чешката република.

Оваа одлука се должи на фактот дека патријархот „ја злупотребува верата, за да ги оправда зверствата извршени од руските војници во Украина“.

Според чешкиот пеф на дипломатијата, Јан Липавски доказите за учество на патријархот Кирил во опрадувањето на војната во Украина се на повеќе стотина страници.

МНР на Чешка потсетува дека неколку држави веќе имаат донесено одлуки за санкции кон Патријархот Кирил, меѓу кои Велика Британија, Канада, Литванија и Украина. Засега нема санкции воведени на ниво на ЕУ, а чешките власти сметаат дека согласноста за санкциите на ниво на ЕУ може да одземе подолго време и затоа тие презеле мерки за санкции кон поглаварот на Руската православна црква на национално ниво.

На 13март, патријархот Кирил ја благослови руската војна во Украина, подарувајќи воена икона на Света Богородица која „покажува кон Запад“. (сликата од илустрацијата на текстот)

Коментар(3)

  1. Како купувач на руските енергенси Чешка се солидаризира со украинската рекетарска влада, која за ситни пари ја режираше војната против својата татковина (парите се крупни, но во споредба со огромните штети што ги претрпува Украина во војната требаше уште во почетокот да ги сметаат за трици). Како чувар на благобитието и добробитието на рускиот народ и на народите коишто живеат во Руската Федерација, особено се разбира на православните народи во неа, Московскиот Патријарх не може да се солидаризира со разбојниците коишто со години го ограбуваат неговиот народ, ги убиваат невините руски деца во пограничните области и со децении се обидуваат да создадат цврсти сојузи против неговата Татковина, а што е најбедно ја шири злогласната нацистичка идеологија погубувајќи така милиони родољубиви украински души. Очигледно е дека чешките власти не ги интересира никаков Христос во приказната што ја пласираат, ниту злосторничките дејства на другата страна (имено, прогонството на руските христијани, но и на монасите во Киево-Печерската Лавра), ама можната материјална добивка од исходот секако ги интересира. Се разбира, последиците од тоа свое богоборство наскоро ќе ги почувствуваат на своја глава. Поинаку не може да биде.
    https://www.rt.com/business/575475-ukraine-russia-oil-transit-eu/

  2. Заради граматичка исправка на мојот коментар би ја повторила оваа реченица:
    Московскиот Патријарх не може да се солидаризира со разбојниците коишто со години го ограбуваат неговиот народ, ги убиваат невините руски деца во пограничните области и со децении се обидуваат да создадат цврсти сојузи против неговата Татковина, а што е најбедно ја шират злогласната нацистичка идеологија погубувајќи така милиони родољубиви украински души.

  3. Расколничка православна црква Украјине планира да усвоји календарску реформу, рекао је поглавар ПЦУ Думенко у интервјуу за “Газета.ua”. Како преноси “Страна.ua”, новине предвиђају преношење прославе Божића са 7. јануара на 25. децембар.
    „У ствари, одавно смо почели да размишљамо о реформи календара и да предузимамо одговарајуће кораке у том правцу. Изабрали смо стратегију уравнотежених и постепених корака како бисмо припремили паству и не бисмо добили црквену поделу због овог питања, примери којих, нажалост, има у свету „Сада наше парохије већ могу да бирају који ће календар следити. У мају ћемо на Архијерејском сабору донети општу црквену одлуку о овом питању“, рекао је Епифаније…

    Пс:
    Чист Папизам ужас

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *