Почетна Вести Соборјаните на Крит со часови дебатираат за „баналности“
Соборјаните на Крит со часови дебатираат за „баналности“

Соборјаните на Крит со часови дебатираат за „баналности“

504
0

Мисијата на црквата, прашањето за дијаспората и прашањето за автономијата се трите точки за кои поглаварите, но и голем дел од Епископите активно учествуваа во дебатата за нивната содржина изминативе три дена на Соборот.

13Дел од забелешките биле прифатени, а за дел дополнително ќе се разговара. Засега само текстот за мисијата на црквата во современиот свет бил прифатен. Но како течат дискусиите и колку тие се конструктивни и суштински? Медиумите пренесуваат дека различните ставови и мислења се доминантни и на овие дискусии, кои честопати се без суштина.

„Двери.бг“ го посочува примерот за дискусијата меѓу Митрополитите Јоротеј и Јован, двајцата од Грчката православна црква околу тоа дали во текстот за мисијата на црквата зборот „личност“ да се замени во „човек“. Вселенскиот патријарх се обидел да ја прекине дебатата, посочувајќи дека и двајцата митрополити се еминентни грчки теолози, но дека оваа дебата е за други место.

Но колку таа дебата била беспредметна покажува изјавата на Александрискиот патријарх Теодор кој изјавил дека Православието треба да излезе од кабинетите и својата мисија да ја сведочи вистински.

-Што јас да им објаснам на моите клирици-мисионери во Африка, како ќе ме прашуваат што одлучивме за православната мисија? Да им објаснувам разликата помеѓу човек и личност ли ?, им реплицирал Патријархот Теодор на грчките богослови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *