Почетна Вести Словенија одбива муслиманите да имаат државен празник
Словенија одбива муслиманите да имаат државен празник

Словенија одбива муслиманите да имаат државен празник

341
1

Уставниот суд на Словенија едногласно ја отфрлил иницијативата законот за празници да се преиспита во поглед на уставните начела на одвоеност на државата од црквата и рамноправноста  на верските заедници. Иницијативата ја покренале муслиманите во Словенија кои во оваа држава за да можат да ги прославуваат своите празници мораат за тоа да бараат согласност за слободни денови од работодавците, додека пак за христијаните тие денови со закон се предвидени за слободни денови.

Muslims pray during Friday prayers at the Cuba Camii mosque in CologneСпоред постоечкиот закон, кој муслиманите го оспоруваат, покрај државните празници постојат и слободни денови за Велигден, Божик, Голема Богородица и Телово. За помалите протестантски цркви пак слободен ден е Денот на Реформацијата, а тој ден исто така е неработен и во приватниот сектор и во јавната администрација.

Иницијативата пред Уставниот суд ја покренал Алмир Талиќ, кој е муслиман. Тој смета дека законодавецот само ги признава само христијанските празници, со што се создава дискриминација кон нехристијанските вери.

Во образложението на одлуката според која е отфрлена иницијативата на Талиќ, судиите навеле дека празниците и неработните денови во Словенија се поврзани со европските традиции и дека се надворешен индивидуален израз на идентитетот на народот, а дека припадниците на другите конфесии за одбележување и прославување на своите празници можат да земат слободни денови, нешто што и сега им е овозможено со законот.

Македонија не е членка на Европската Унија, како Словенија, но веќе 10 години Муслиманите во Македонија имаат државен празник. Рамазан Бајрам се одбележува како државен празник, а Курбан Бајрам за муслиманите е неработен ден.

Коментар(1)

  1. Така е, затоа што некој од некаде со години лаже дека тоа е во духот на развиените европски земји. А вистината е сосем спротивна: развиените европски земји не се ни секуларни општества ниту мултирелигиски: тие ги чуваат христијанските традиции: нивните деца учат христијанска веронаука уште во градинките и се’ до завршувањето на средните училишта. Црквата има огромни права во тие модерни општества: право да има свои училишта за општо образование (тие се во многу земји и најдобрите училишта), свои болници, свои старечки домови, свои сиропиталишта итн. Христијанските празници се на сите рамништа сеприсутни во општеството: медиумите, трговците, естрадата, училиштата, месните заедници, сите институции и сите работодавачи и нивните вработени, сите кафеани и ресторани… го имаат во центарот на тие денови Господ Исус Христос. (Ова го нарекуваме комерцијализирани празници? Но факт е дека луѓето во чест на тие празници се посветуваат на дела на милосрдие, на украсување на своите градови со свои лични материјални придонеси, факт е дека нивните храмови се полни со усрдни молитвеници). Истото со закон И’ е забрането на Црквата во Р. Македонија: таа освен храмови, црковни кујни и манастири не може да има други органи на својата мисија (ни училишта, ни болници, ни свои фирми за вработување сиромашни христијани… долга е листата). За сметка на овие вековни поткопувања на христијанското општество од страна на безмалку сите досегашни државни управи на територијата на нашата земја (некој вид исклучок е тежнеењето на ВМРО ДПМНЕ да ја помага изградбата на некои позначајни манастири и храмови, патиштата што ја овозможуваат нивната поквалитетна мисија итн.), овде се случува перманентно настојување дасе разнебити доста компактното ткиво на македонското православно население со вбризгување на една вештачка свест дека не е мал бројот на неправославни Македонци, со мошне поддржуван увоз на учења од Далечниот Исток кои отсекогаш му биле туѓи на ова поднебје, со силни кампањи за разни деривати на тие учења во вид на нови хибридни концепти на живот, уметности, танци, полуспортови-полуфилозофии…. долга е листата. Го има сето тоа и во Европа, но на маргините од силните христијански јадра, за кои ние од незнаење велиме: пуштете ги, тие се католици, нивната вера е разлигавена, далеку се тие од Бога, нашата е каде-каде подобра… А ете, не можеме ни да го описмениме населението на едно елементарно рамниште за евангелските вистини. Дури постои и ТВ Ислам во Македонија, но Православната Црква не успеа да добие фреквенција ниту да оформи свој медиум, ни радио – ништо! Зошто е значи таква нашата легислатива за овие прашања? Кој и’ го наметнува тоа на нашата земја и зошто нашето право на духовно организирање на општеството е неодбранливо и толку погазено?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *