Почетна Вести Европа „Цело село е во солзи“ – Украинци добиваат закани од РПЦ
„Цело село е во солзи“ – Украинци добиваат закани од РПЦ

„Цело село е во солзи“ – Украинци добиваат закани од РПЦ

375
0

Парохија на новоформираната Православна Црква во Украина во селото Доброгоршча, во Хмељницката област, добива закани од УПЦ-Московска Патријаршија. За ова соопштува Митрополитот Хмељницки и Каменец-Подолски Антониј, на својата фејсбук страница, напомнувајќи дека црквата неодамна донела решение да се оддели од Московската Патријаршија.

„Од утрово целото село е во солзи – архиерејскиот намесник на помесната РПЦ во Хмељницкиот регион преку телефонски повици грубо ѝ се заканува на црковната општина која премина кон помесната Црква,“ напишал тој.

„Според неговите зборови, снимени од страна на верниците, следнава недела тој заедно со ‘група поддржувачи’ ќе дојде да служи Литургија и на сите ќе им покаже ‘и независна Украина, и самостојна Црква, и кај ви е местото’,“ додава Митрополитот.

(Aрхиерејски намесник на хмељницката УПЦ-МП е протојереј Владимир Заяц.)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *