Почетна Вести Над 25.000 верници на литија во Романија
Над 25.000 верници на литија во Романија

Над 25.000 верници на литија во Романија

267
0

Околу 25 илјади православни верници и повеќе од 100 свештеници биле дел од учеството во литијата низ улиците на Јашим во Романија.

Литијата е во чест на пренос на моштите Св. Параскева, која масновно се слави меѓу Романците, како и на Светата мченичка Текла, што е дел од таканареченото поклонение „Патот на Светиите“.

Литијата била предводена од тројца архиереи и почнала со група на млади луѓе, облечени во романска народна носија, проследени со војници со запалени факели.

Во текот на целата литија се читале молитви за сите болни, а поворката застанувала на молитва и пред неколку цркви и манастири.

На крајот литијата завршила пред митрополитскиот соборен храм, каде што моштите на Св. Параскева биле ставени на цветен епитаф во близина на храмот.

Настанот бил крунисан со бдение во чест на пренесувањето на моштите на Св. Андреј во Јаши.

/bigorski./mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *