Почетна Вести Европа Црковна Москва бара православните цркви да не го признаваат Томосот за Укарина
Црковна Москва бара православните цркви да не го признаваат Томосот за Укарина

Црковна Москва бара православните цркви да не го признаваат Томосот за Укарина

441
0

Светиот Синод на Руската Православна Црква на 28 декември донел одлука да испрати апел до поглаварите и светите Синод на помесните цркви за да го поддржат Киевскиот и на цела Украина митрополит Онуфрий, заедно со свештенството, монасите и верниците на Украинската православна црква, која е под Московската Патријаршија. Црковна Москова исто така бара да не биде признаена Обединетата Украинска Православна црква основана на обединувачкиот собор на 15 декември годинава во Киев, за автокефална православна црква.

Инсистирањето на поддршката на Митрополитот Онуфриј од Московската Патријаршија се случува непосредно пред да биде издаден Томосот за автокефалност во Украина, закажан за 6-ти јануари.

Засега помесните православни цркви се воздржат од категорични мислења, повикувајќи раскараните страни кон заемно прифатливо решение за прашањето со цел да се избегне раскол во Православието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *