Почетна Вести Европа Вселенскиот Патријарх откри со што бил потплатен за украинската автокефалија

Вселенскиот Патријарх откри со што бил потплатен за украинската автокефалија

984
1

Вселенскиот Патријарх одговори со бонбони и чоколади на обвинувањата за подмитување од страна на Москва, одбивајќи да ги сфати сериозно нападите што во последно време ги добива, во врска со мотивите кои доведоа до доделување на украинската автокефалија.

„Иако Руската Црква ме обвинува дека примив пари за да ја создадам оваа автокефалија, всушност јас не добив пари, туку многу бонбони и чоколади од фабриката на Порошенко,“ им рече тој на децата, кои ова претпладне отидоа да му ги испеат каландите, со што нарочно им одговори, како на црковните фактори во Москва, така и на самиот претседател Путин.

Како што им кажа Патријархот на децата, претседателот на Украина, воден од голема радост што неговата Црква доби автокефалија, пристигнал во Вселенската Патријаршија со вреќи чоколади и бонбони од својата фабрика.

Претседателот Порошенко има своја фабрика за чоколади, зашто и тој, како и претседателот на Америка Трамп, е исто така бизнисмен, но во еден миг решил да се занимава со политика и се кандидирал, исто како и Трамп, и исто како него доби на изборите. Иако Руската Црква ме обвинува дека сум добил пари за да ја доделам таа автокефалија, јас всушност не добив пари, туку многу бонбони и чоколади од фабриката на Порошенко, зашто тој, од радост што неговата Црква доби автокефалија, ми испрати многу вакви вреќи што јас ги поделив. Овие две се последните. Сега ќе ги отворам, ќе ги истурам меѓу вас, па кој има среќа – нека добие.

Видете го тој момент на ова видео што го објави Вселенската Патријаршија:

Коментар(1)

  1. Многу интересно, добил чоколади и бонбони, а за 38-те храмови што ке добие под негова јурисдикција, а со тоа и пари во неговиот буџет, потоа 150 милиони долари од поддржувачите на т.н. автокефална украинска црква, некој ке рече дека ова е лага, па пресудете дали е лага или не – Дали украинската црква стана патријаршија, како што беше замислата или таа стана Митрополија потчинета на Цариградската, бидејки т.н. патријарх Филарет остана само епископ, а се знае дека дел од целокупниот буџет на Митрополијата ке оди во Цариград, се плашам да не ни се случи и нам истото, па место МПЦ ке бидеме само ОА и место блажениот Стефан поглавар ке биде блажениот Јован, или некој друг што ке му одговара на расколникот Вартоломеј

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *