Почетна Вести Божиновска на средба со претставници на верските заедници
Божиновска на средба со претставници на верските заедници

Божиновска на средба со претставници на верските заедници

523
1

Македонската православна црква, Римокатоличката црква во Македонија, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква, денеска на средба со Директорката на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска разговарале за можноста свештени лица, по барање на пациентите да присуствуваат во специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје.

verski sredbaПретставниците на четирите верски заедници, на состанокот со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, изразиле согласност да излезат во пресрет на барањето на болницата. Се очекува наскоро да биде потпишан и меморандум. Тие очекуваат дека овој пример ќе го следат и останатите верски заедници.

Инаку иницијативата е на специјалната болница „Филип Втори“, која неодамна испратила меморандум до Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Коментар(1)

  1. Верувам во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а тоа единствено е Православната, другите не можат да се наречат Цркви, ова меѓу другото е и една од главните причини за отсуството на четирите помесни православни цркви од т.н. собор во Крит, Од оваа вистина не смее да се отстапува, бидејки многу свети оци за вистината ги положиле своите животи. Ние другите религиозни групи ке ги почитуваме, но не смееме да ги нарекуваме со името, кое не им припаѓа. Екуменизмот во никој случај не смее да се прифати.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *