Почетна Вести Владиката Петар го расчини Игуменот Гаврил
Владиката Петар го расчини Игуменот Гаврил

Владиката Петар го расчини Игуменот Гаврил

3.19K
12

Епархискиот црковен суд Австралиско-новозеландската епархија го расчинил Игуменот Гаврил. Веста дека членовите на епархискиот-црковен суд одлуката ја донеле зад затворени врати во црквата Св. Илија во Футскрај, ја објави „Радио Илинден“ од Мелбурн.

gavril 4Според информациите на радиото, седницата на црковниот суд, со кој претседавал Владиката Петар била строго обезбедувана во текот на целиот ден.

-Се расправало за случајот Отец Гаврил и другите проблеми во Епархијата. Под мачна атмосфера сепак Отец Гаврил бил расчинет. Од поголема група од страната на Владиката Петар дознаваме дека се изнесени многу големи клевети против Отец Гаврил кој тие тврдат дека се вистинити, а од другата страна верниците не веруваат во тие невистинити клевети и велат дека и од една и од друга страна претеруваат и ова што се случува е најмалку христијански, пишува „Радио Илинден“

Инаку, Игуменот Гаврил практично не беше дел од епархијата со која раководи Владиката Петар, туку под надлежност на Владиката Тимотеј. За оваа одлука на епархискиот-црковен суд, сега ќе треба да се изјасни Архиепископскиот црковен суд.

Инаку, според информациите на „Радио Илинден“Отец Гаврил не бил известен ниту поканет за денешната седница на епархискиот-цековен суд.

Коментар(12)

  1. За какви имотно-правни односи постојано спори дедо Петар? Со што воопшто се заминава тој во Австралија а што може да го објасни со православни духовни термини, не со голи црковно и световно правни формулации од кои секоја боготрагателска душа се гнаси? Нели ние не бевме од овој свет, нели бевме должни да живееме од онаа страна на завесата, нели само љубовта Божја и спасителното човекољубие требаше да не’ водат во се’ поголеми победи над демонот? Не сфати ли тој чуден дедо Петар колку снисходење му покажаа архиереите на МПЦ досега, но и дека тоа не може безгранично да трае? Не може ли да се соочи со фактот дека тој не може да биде духовен раководител на монаси и дека голема штета досега му нанесе на монаштвото, за кое никој никогаш јавно не прозборе само затоа што луѓето се подвизуваат со трпение спасувајќи си ги душите?

  2. Малку се занесе, дедо Петар. Расчини монах кого не го замонашил ниту го ракоположил за свештеномонах и кој не е под негова канонска јурисдикција. Е па како си замислува да важи тоа расчинување?

  3. Срам за МПЦ!
    Нека продолжи да молчи Архиепископот и така да ги поддржува злосторствата на својот ментор Петар, со кој заедно водеа битки на повеќе митинзи, против основоположниците на МПЦ.
    Ако мисли дека да си воздржан и да немаш став, е начин на водење на Црква, тогаш тешко на таа Црква на која со измама се наместил да ја води!
    Срам и понижување на МПЦ!

    П.С.
    Ако сепак му е страв (бидејќи очигледно нема срам), барем нека го осуди и тој отец Гаврил, па да знаеме дека еднаш во животот имал став.

  4. Сето тоа што го прави владиката Петар е ништовно. А Архиепископот оставете го на мира, знае он добро кој се труди со години наназад да го собори. Така што и од ова ништо нема да биде. Чувајте си ги душите, да не ви се исполнат со зло. А пред Бога сите ќе одговараме, дури и за лажните лајкови. Лајковите нема да го сменат расположението на народот – убаво се знае и во Австралија и во Македонија кој е владиката Петар, а кој е отецот Гаврил.

  5. Театарска претстава… Не ми е јасно како е можно една толку интелигентна и книжевно просветлена личност да падне толку ниско и да продолжи да се бламира пред јавноста?! Жалосно…

    Со кое право митрополитот Петар го расчинува игумен Гаврил? Апсурдно е да се прави дека заборавил дека отец Гаврил има добиено УСЛОВЕН Канонски Отпуст од митрополит Наум во 2006, доаѓа во Австралиско-Новозеландската Епархија на владиката Петар, но не добива Канонски Прием цели 10 години, по што владиката Наум лани си го повлече отпустот и отец Гаврил во својата епархија. Е сега, како може владиката Петар да суди некому за кој НЕ БИЛ и НЕ Е дел од неговата епархија? Очевидно харaкири.

    Секој суд, дали е тоа земен или црковен, спроведува дела врз основа на докази. Ама во случајов има само докази дека владиката Петар нема никакво право да го расчини игумен Гаврил:

    https://www.facebook.com/SvProhorPchinski3/photos/pcb.472623872862895/472620242863258/?type=3&theater

  6. Ajdeeee… Ova e bas curkuzi isto kako d.Timotej da odi i da go rascini igumenot Nikodim, makar so za nego barem ima VISTINSKI dokazi deka kradel… ?

  7. Vladika i Otec e samo Gospog Isus Xristos i nikoj ne mozi da se narekuva so negoviot title vidi 1 Peter 2:25 Matthew 23:8-10 posebno 9 i uste mnogu drugi zatoa ste sto se narekuvaat ili go koristat negoviot title ke odgovaraat na najstrasniot sud Bozji which is very near or here

  8. Во Среда Господ Исус Христос беше предаден од Јуда.
    Во Среда Владиката Петар заедно со своите свештеници го осуди Отец Гаврил.

    Во Петок го Распнаа Исус.
    Токму свештениците и угледните, а да не заборавам дека кога го осудија свештениците си побараа казната да дојде на нивните деца и идни поколенија. (За идните поколениа ми е жал, овие што отишле отишле).

    Се прашувам кога се самоосуди Јуда и сам си ја избра смртта наместо да се предаде на Бога, и да му даде шанса за покајание.

    …приказната продолжува!!!

  9. Se vide kolku pravilno rakovodi dedoto, sega samiot si dokaza kolku sledi zakoni, zapovedi i kanoni za koj on sekogas zboruva. A najmnogu od se mu se vide kolkava e ljubovta. Koga ne ni smee da rascini nekoj bidejki ne e vo negova eparhija on i togas uporno turka, i duri go rascina (makar sto ne ni znaci nisto bidejki nema pravo). A bas me interesira zosto go rascina i koi mu se dokazite?

  10. Rascinuva onoj koj voopsto ne trabase nitu da bide vo cin, ili odamna rascinet Vladikata e pravaaaa smejurija. Kakov Vladika, pa toj ako e vladika, jas sum Sv,Jovan Kstitel. Toj e samo eden crkoven vdovec, kakov valdika, takva i crkva–cirkus.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *