Почетна Вести ОБНОВЕНО: Први фотографии од чудната икона во Трубарево
ОБНОВЕНО: Први фотографии од чудната икона во Трубарево

ОБНОВЕНО: Први фотографии од чудната икона во Трубарево

3.29K
1

trubarevoНа социјалните мрежи протекоа првите фотографии од иконата на „Пресвета Богородица“ од црквата во Трубарево, која според зборовите на верниците од утрово почнала да мироточи. Иако МПЦ официјално не дозволува снимање и фотографирање, се додека не се утврди за што точно станува збор, верници успеале да направат фотографии од иконата и „Религија.мк“ ги објавува.

На нив се гледаат капки роса на лицето на „Пресвета Богородица“, кои и покрај тоа што неколкупати биле отстранувани со памук, тие во текот на целиот ден повторно се појавуваат.

Првичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува збор на мироточење, дознава „религија.мк“.

Откако во неделата на 10 април 2016 година веднаш по утринска литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена, свештеници и теолози на МПЦ кои извршиле анализи на иконата, првично потврдиле дека станува збор за „мироточење на иконата“, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој не е непознат и често се случува во црквите.

Црквата која беше затворена се додека не беа направени првичните анализи, сега е отворена, но само за верниците. МПЦ не дозволува снимање и фотографирање на иконата.

Иако иконата ја анализирале лица од кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан сепак се чека и негова посета на црквата, по што МПЦ ќе излезе и со официјален став.

 

 

 

 

Коментар(1)

  1. DALI POVTORNO PRED VELIGDEN KAKO VO PRETXODNIOT MASAKAR NA SMILKOVSKO EZERO SE CISTEA IKONITE VO CRKVATA MEGU KAMENIOT MOST I STARATA SKOPSKA CARSIJA I IKONITE NA SVETCITE JAVUVAAT ZA NOVO ZLODELO VRZ MAKEDONSKITE PRAVOSLAVNI VERNICI POVTORNO PRED VELIGDEN ‘BOG DA NE CUVA I SITE DA SE POMOLIME NASVETIOT OTEC I SINOT ISVETIOD DUX NA JA ZASTITI MAKEDONIJA I MAKEDONCITE OD ZLOTO STO NI GO SREMAAT A SAMO BOG ZNAE STO E GOSPOT DA NI E NAPOMOS AMIN

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *