Почетна Вести Продаден уште еден црковен имот во надлежност на Владиката Петар во Австралија
Продаден уште еден црковен имот во надлежност на Владиката Петар во Австралија

Продаден уште еден црковен имот во надлежност на Владиката Петар во Австралија

662
0

Куќа што била сопственост на општина „Св. Димитриј Солунски“ во Спрингвал- Мелбурн минатата недела била продадена на лицитација за 650.000 американски долари, објави интернет порталот „Фаланга“.

avstralija-kukaСпоред веста, станува збор за уште еден црковен имот во Австралија каде надлежен Архиереј е Митрополитот г. Петар е продаден. Куќата се наоѓа на улица Edinburgh Rd, Springvale VIC 3171 веднаш до црквата „Св. Димитриј Солунски“.

-До неодамна во таа куќа живееше Македонка која била принудена да ја напушти куќата поради продажбата. Денес контактиравме еден од агентите задолжен за продажбата на имотот Steven Lam кој ни потврди дека црковната куќа успешно е продадена, цената на јавната лицитација достигнала $650 000 Австралиски долари. Ова е уште едно разочарување за верниците во Австралија кои својата доверба со години му ја даваа на Митрополитот Петар и црквите под негова надлежност. И покрај тоа што Македонските православни верници во Австралија веруваа дека Митрополитот Петар ќе ги чува имотите сега се случува обратното односно се отуѓува црковниот имот за кого голем број Македонски верници донирале и очекуваа дека тој имот ќе остане на сегашните и идните Македонски генерации кои живеат во далечна Австралија, пишува „Фаланга“.

/ФАЛАНГА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *