Почетна Вести Христијанство Албанија бара уште докази за да ги врати украдените икони од Македонија
Албанија бара уште докази за да ги врати украдените икони од Македонија

Албанија бара уште докази за да ги врати украдените икони од Македонија

491
0

И натаму е неизвесно кога Албанија на Македонија ќе и ги врати 20-те украдени икони од македонските цркви кои се наоѓаат во депото на Музејот во Тирана.

Министерството за култура на Албанија побарало од нашето Министерство повеќе информации, спецификација и фотоматеријали за да ги идентификуваат иконите што Македонија ги бара од Албанија, соопшти министерот Роберт Алаѓозовски во врска со иконите што албанските надлежни органи ги имаат запленето во постапка за спречување нелегална трговија со вредни културни артефакти.

– Иако ние упативме доста детали, тие ја бараат оваа дополнителна фактографија и нашите служби веќе постапуваат да им ги испратат. Од министерката за култура на Албанија добив уверување дека тие немаат ништо против да ги вратат назад предметите, само сакаат целосно да ја испочитуваат процедурата и да бидат целосно сигурни дека она што од нас е побарано одговара и е идентификувано во збирката на икони што ја поседуваат во овој случај, рече Алаѓозовски денеска во Националниот конзерваторски центар каде што беше предадена техничка опрема донирана од турската агенција ТИКА.

На средбата на двете влади што се одржа неодамна во Подградец министерот Роберт Алаѓозовски ја известил својата албанска колешка и побарал од неа да бидат вратени украдените икони бидејќи за тоа постои правосилна судска одлука во Албанија и било одлучено иконите да се вратат во македонските цркви. Алаѓозовски на средбата добил ветување дека во духот на добросоедските односи ке биде разгледано неговото барање, за што неколку месеци подоцна се побарани дополнителни информации.

Засега се уште постои сомнеж дека Албанија тактизира да го врати украденото македонското црковно богатство и покрај тоа што добивме уверување и за тоа постои правосилна судска пресуда и иконите се идентификувани како од албанските така и од македонските експерти и е потврдена автентичноста на истите.

Во акцијата „Икона“ реализирна на почетокот на октомври 2013 година албанската полиција заплени 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век. Уапсени беа Ѓерѓи Тимо(51), кој ги отфрла обвинувањата и тврди дека бил колекционер, и неговиот сработник Арбен Спахо(42).

Во текот на судскиот процес меѓу украдените икони беа идентификувани 20 кои потекнуваат од македонските цркви кои биле оштетени и преправани со цел да се оневозможи утврдување на нивната автентичност.

/вечерпрес

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *