Почетна Вести Христијанство Бугарскиот Патријарх: Ќе испратиме делегација за чествувањето на Охридската Архиепископија во Охрид

Бугарскиот Патријарх: Ќе испратиме делегација за чествувањето на Охридската Архиепископија во Охрид

187
0

„Ако има покана, ќе испратиме“ – ова го изјави пред Агенцијата БГНЕС Неговото Светејшество бугарскиот Патријарх Неофит, одговарајќи на прашањето дали Бугарската православна црква ќе испрати делегација во Република Македонија по повод чествувањето на 1000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, во град Охрид на 28-ми мај оваа година.

На прашањето на БГНЕС, како ќе се чествува во Бугарија оваа годишнина, патријархот Неофит изјави: „Ќе се разгледа и како што ќе се договориме, така и ќе ја отпразнуваме. Засега уште нема програма за празнувањето“.

На специјалното заседание на 13-ти март, Светиот Синод на обновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ донесе решение за одбележување на 1000-годишнината од Охридската архиепископија во соборниот храм „Света Софија“ во Охрид на 28-ми мај.

„Ова 2018 лето Господово – се вели во официјалното соопштение на САС на МПЦ –  е јубилејно и нашата Црква ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи – “Света Софија” во Охрид на 28 мај. Исто така, во првата седмица од месец октомври 2018 година, ќе се одржи и Архиепископски црковно-народен собор и ќе се одбележат 60-те години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ“.

Возобновената Охридска архиепископија ги повикува сите свои верни чеда да ја збогатат прославата на нејзината 1000-годишнина со своето присуство и срдечни молитви.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *