Почетна Вести Христијанство Патријарх Неофит за Македонија: ќе го исполниме својот долг
Патријарх Неофит за Македонија: ќе го исполниме својот долг

Патријарх Неофит за Македонија: ќе го исполниме својот долг

387
0

„Кога ќе треба да се исполни долгот, тоа и ќе го направиме“ – ова го рече бугарскиот патријарх Неофит специјално за Агенцијата БГНЕС, во однос на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, која во крајот на минатата година побара БПЦ да биде нејзина Црква-мајка и да се бори за нејзина автокефалност.

„Посетата на претседателот Румен Радев и двајцата митрополити на Република Македонија е радосна вест“, изјави уште Неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит.

Претседателот Румен Радев заедно со Пловдивскиот владика Николај и Старозагорскиот Кипријан, беа пречекани со биење на камбаните од мноштво народ во најголемиот и најавторитетен македонски манастир – Бигорскиот. Тоа е прва посета на државен претседател во таа света обител. Пред посетата на Бигорскиот манастир, двајцата митрополити имаа средба и со поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан.

На прашањето на БГНЕС: „Дали по вчерашната исклучително топла посета, може во скоро време да се очекува взаемно сослужување меѓу БПЦ и МПЦ-ОА?“, патријархот Неофит кажа: „Тоа што до сега се случи е радосно, а понатаму во црковен однос ќе се разгледаат подробностите“.

Во однос на поканата, што му ја прати поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан, и дали наскоро ќе ја посети Македонија, патријархот изјави: „Кога ќе биде неопходно, кога ќе треба да се исполни долгот, тоа ќе го направиме“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *