Почетна Вера ЗАЕВ: Да ги прекинеме поделбите, да си подадеме рака
ЗАЕВ: Да ги прекинеме поделбите, да си подадеме рака

ЗАЕВ: Да ги прекинеме поделбите, да си подадеме рака

290
0

„Историјата бележи низа индивидуални и колективни искушенија кои биле надминати благодарение на мудрите, вистинољубиви, правдољубиви граѓани кои покажале храброст со своето трпение, разбирање, толеранција, мудрост, искрена отвореност кон проблемите да дојдат до решение и спасение“. Ова е дел од честитката, што за христијанскиот празника „Прочка“, претседателот на СДСМ Зоран Заев ја упатил до поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот и до сите граѓани кои го чествуваат денешниот христијанскиот празник Велики поклади – Прочка.

-Денес кога се загрозени основните човекови вредности и права, генерациите на денешницата се пред уште едно големо искушение за надградба на потребната лична и  општествена зрелост. Повикувам да продолжиме по патот по којшто заедно и успешно тргнавме, да ги прекинеме до крај наметнатите поделби по каква било основа, да си подадеме рака: родители и деца, браќа и сестри, соседи и пријатели, без разлика на нашите верски, национални, политички или какви било други убедувања. Тоа имаме обврска да го направиме како луѓе, почитувајки ја сопствената совест, којашто меѓу другото не упатува на солидарност кога е во прашање одбраната на човековите права и одговорности, стои во честитката на Заев до Поглаварот на МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *