Каква порака испрати вечера Бугарскиот патријарх Даниил од церемонијата во „Света Софија за полагањето на останките на цар Самуил?
Случајно, или не до него за време на заупокоената молитва сослужуваа двајца негови најблиски протоѓакони – Дејан Коруноски, роден во Прилеп, и Иван Петков, чии корени се поврзани со бугарската заедница во Цариград.
Самиот состав на свештенослужителите отвора интересен човечки и историски детал во една церемонија која има силно национално значење во денешна Бугарија.
Дејан Коруноски е роден во Прилеп. Според официјалната биографија објавена од Бугарската патријаршија, Коруноски е роден на 8 мај 1981 година во Прилеп, каде што го завршил основното и средното образование. Во 2002 година бил пострижен за ипоѓакон во патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“ во Софија, а од 2004 година станал празничен ипоѓакон во истиот храм. Подоцна бил ракоположен за ѓакон, а во 2020 година патријархот Неофит го удостоил со официјален протоѓакон.
Вториот протоѓакон, Иван Петков, има сосема поинаква семејна приказна. Тој е родум од Истанбул и е потомок на цариградски Бугари. Самата Бугарска патријаршија, пак, при претставувањето на неговата автобиографска книга „Да живееш со вера“, наведува дека неговиот род потекнува од цариградските Бугари.
Така, во храмот „Света Софија“ вчера за цар Самуил служеа тројца духовници со три различни географски области: бугарскиот патријарх Даниил, протоѓакон Дејан Коруноски – роден во Прилеп, и протоѓакон Иван Петков – роден во Истанбул и потомок на цариградски Бугари, што на некој начин може да се толкува како порака порака бидејќи Самуил како средновековен владетел денес се поврзува со сите овие области.

