Почетна Вести Европа Вселенскиот патријарх: Руската црква ја сподели одговорноста за злосторствата во Украина
Вселенскиот патријарх: Руската црква ја сподели одговорноста за злосторствата во Украина

Вселенскиот патријарх: Руската црква ја сподели одговорноста за злосторствата во Украина

386
6

Вартоломеј, кој во 2019 година ја налути Москва со признавањето на новоформираната православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за нивните стратешки цели“

Црквата и државното раководство во Русија соработуваа во злосторството на агресија и ја споделија одговорноста за злосторствата, како што е шокантното киднапирање на украинските деца.

Ова на конференцијата во литванскиот парламент го изјави вселенскиот патријарх и духовен водач на православните христијани Вартоломеј, објави „Ројтерс“.

„Ројтерс“ пишува дека ваквите изјави на вселенскиот патријарх Вартоломеј се укор за рускиот патријарх Кирил, чиј благослов за московската инвазија на Украина ги подели православните христијани.

Вартоломеј, кој во 2019 година ја налути Москва со признавањето на новоформираната православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за нивните стратешки цели“.

„Нашиот меѓурелигиски дијалог треба да се фокусира на начините за отпор и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа единството и теолошки да го легитимира криминалното однесување“,

рече Вартоломеј.

Нагласувајќи ја потребата од „духовна регенерација“ и во Русија и во Украина, вселенскиот патријарх додаде дека заедничката христијанска должност е „руските браќа и сестри да се вратат во заедницата на заеднички вредности“.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

Официјална Москва вели дека децата биле преместени од Украина заради нивна безбедност и негира дека ги прекршила правата во Украина.

/360 степени

Коментар(6)

  1. Вселенски Патријарх се разбира не постои. Постои еден Патријарх со јурисдикции по историско наследство кое се темели главно на огромните заслуги за Православието на основачите на градот Константинопол, имено на Светите Цареви Константин и Елена и на неколку големи Светители на престолот на Контсантинополската Патријаршија. Но, Константинопол падна во 1451 година, пред 672 години. Византиското царство живее во преданието и спомените на православните христијани и како бесценета културна ризница чии блага на разновидни начини се негуваат и блескаат ширум Православната Црква. Сепак задржувајќи го престолот на некогаш славната Константинополска Патријаршија меѓу освојувачите друговерци, најстарата од трите грчки помесни Цркви кои дејствуваат денес не може да се пофали дека нејзината мисија се крепи на православната еклисиологија за чиј ексклузивен корифеј се доживува себеси. Да живееш во сардисаниот од иноверни Константинопол и да имаш нула успех во обраќањето во христијанство на жителите во чија земја се наоѓа твојата Столица, а притоа да се нарекуваш прв меѓу еднаквите поглавари на помесните Православни Цркви, па дури и да се осмелуваш да судиш и да укоруваш Московски Патријарх, чија современа црковна постава може да се пофали со огромни успеси меѓу верниот народ во својата земја и во дијаспората во секој поглед – каков вид на клерикализам е тоа?! Секаде сакаш да помагаш, а не можеш да си помогнеш ни себеси. Ако велиш дека го следиш принципот ‘една помесна Црква во границите на една држава’, тогаш што се случува со христијанството во државата во чии граници географски е сместен твојот Патријаршиски Престол? Или имаш неколку епархии во Грција, каде патем ладно си оперира уште една, понова, помесна Православна Црква? До кога грчките црковни елити ќе се декларираат како неприкосновени носители на православната еклисиологија која впрочем немаат намера да ја исполнуваат? Опасни мајстори за геополитика, нафатирани со разни теолошки флоскули, но првиот меѓу еднаквите видно излезен од зоната на својата удобност почнува да заменува поими ‘евакуација на население од воени зони’ со ‘насилна депортација’. Што ќе и’ се воопшто на Русија туѓи деца! Никој не би знаел. Можеше и Московскиот Патријарх да ги изговори гласно шепотењата дека Вартоломеј е човек на ЦИА, но зошто би се спуштал на тие гранки! Малку ли се тие што седнуваат на местото Христово и го земаат судот во свои раце, веќе вљубени во мерзоста на запустението не разликувајќи свето од проклето?

  2. Само за да остане забележано дека некој сепак ги чита и коментарите … Константинопол падна два пати. Првиот пат во 1204 г. кога во него влегоа Латините (Крстоносците од Запад) и вториот пат 1453 г. кога го освоија Османлиите на Мехмед II Фатих.
    Е сега доста историја, а малку весела математика… 1453 – 1204 = 570.
    Е сега доста историја и весела математика, а малку едноставно размислување… Кој и да е првиот меѓу еднаквите, секој оној верски лидер кој има дилеми дали да ја оправда или не војната во Украина, откако ќе ја каже молитвата пред спиење нека се праша себеси: како би постапил Христос ако го викне Путин и „учтиво го замоли“ да даде поддршка на бомбардирањето на Киев (само затоа што Украинците се неосвестени Руси). Па дури после, откако ќе си одговори на ова прашање нека спие мирно; или нека поставува низа прашања во коментари по порталиве.
    И Понтиј Пилат си ги изми рацете со мисла дека он нема никаква вина.

  3. Украинците не се неосвестени Руси ниту Путин тврди такво нешто. Навреда за Русите би била, сепак. Владимир Владимирович е далеку од личност со фалична перцепција, како што ефтините трикови на mainstream медиумите на Запад се обидуваат да го претстават (без успех, зашто квалитетното истражувачко новинарство на западниот свет денес брилијантно ги користи алтернативните форми на комуникација со јавноста, што во огромна мера ја надоместува бездната од гебеловски размери којашто се обиде да ја отвори западната цензура: имено, со физичко сечење на секој можен контакт со кој било руски медиум во етерот или поинаку!) Е наполно друга работа е што во Украина живее голем процент руско население, кое се наоѓа под невиден притисок (вклучително и страшно насилство врз руски деца, со многубројни убиства на етничка основа) повеќе од една деценија. Никој не може да ја гради својата иднина со црна негаторска политика кон соседната земја, во случајов земја-мајка (заборавете на секоја споредба меѓу украинската и македонската историја, зашто сличности нема!) па не ќе може ни Украина. Традиционално нацистичка Украина и денес бесрамно се занимава со истата традиционална безидејност за самата себеси: “Ние не сме Руси” и “додека не ја уништите Русија среќа нема да видите” се украинските пароли со кои не само украинското општество туку и целиот западен свет се вовлече во срамната битка на неславниот Каин (кој, знаеме, не стана поблескав ни пред Бога ни пред луѓето само затоа што го уби својот многу поскапоцен брат). Едно општество кое се хранеше со завист, со разбојништво, создавање сојузништва за грабеж (што друго претставуваат перманентните украински уцени, закани и саботажи кон трансферот и продажбата на рускиот гас во други земји со постојани барања да се зголеми колачот од профитот (неспечален!) за Украина, да се оневозможат рути за продажба на тие софистицирани производи од природните богатства на Русија, стекнати со руски труд и ум за да се профитира од увоз на многу поскапи енергенси со матни украински бизниси?) Да не говориме за сите непријателски заговори последниве децении на меѓународен план на сите начини да се изолира довчерашниот великодушен старател на вековно нестабилната, духовно климава и автодеструктивна украинска територија, која на класичен, супер вештачки, фашистички начин се обидува да стане “независна” држава – обидувајќи се да ги исчисти своите географски предели од Руси и се’ руско? Се разбира, би можеле да го поистоветиме секој народ кој страда со Христос, ама мора да се запрашаме и дали барем во некои најгруби, основни црти се однесувал како Христос пред да падне во страдање? Украина не западна во ова страдање као резултат на мирољубива и добронамерна политика за да можеме да ја поистоветиме со Христос. Излишно е да се каже, но и мора да се разграничи дека Христос не се занимаваше ниту со разбојништво, ниту со уцени, ниту со заговори, а најмалку со убиства на деца, со фашизам – такви Негови дела ли доведоа до Неговото Распетие? Крена ли рака на тие што Го уапсија, на тие што Го плукаа, распнаа? Какво беше Неговото учење, а каква идеологијата на Украинците? Какви беа Неговите војски, а какви паравојските на нацистичките влади во Украина?! Со што ги победи Неговите духовни противници Христос, како илзезе против садукеите, против фарисеите, против иродовците? Со чудотворење, со Својата сила и Личност или барајќи насилна помош од други? Како доаѓате до тоа да ја поистоветите Украина со Христос? “Ако сте му направиле на еден од овие Мои најмали браќа Мене сте Ми направиле”? Но за да се нарече човек Христов брат, макар и најмал, многу треба. За тоа дали украинските влади кои до денес садат тикви со ѓаволот и не се стеснувале да вдомат бројни американски биолаборатории за биолошко оружје мислеле и денес мислат на својот народ или им напакостиле на Христовите најмали браќа во земјата за чиј мир и добробитие биле одговорни или Владимир Путин со сето руско раководство кои тргнаа во уништување на тоа и сето друго ширум Украина одгледано зло го сториле истото е големо прашање (се разбира, реторско). И трупањето странско оружје не само во армијата и во безбедносните државни институции туку и во подрумите на сите украински државни установи во последната деценија (по болници, по студентски домови, учениците по училиштата на раце складираа оружје во подрумите, како дел од наставата!) секако не е во сферата на христолики подготовки за евентуална одбрана од можниот напаѓач. Знам дека совеста на Владимир Путин денес е многу побистра и поспокојна во поглед на Украина одошто пред две години на пример, бидејќи совеста на човекот е најтесно поврзана со неговото место и улога во светот, со неговите очигледни и невидливи задачи. Негова основна задача како руски претседател е да одговори на непријателските дејства на властите на други држави кога ќе достигнат степен на недобеглив ризик, кога ќе ја загрозат безбедноста на неговата земја.

  4. Сега разбирам. Се е заговор против света Русија… Ок.
    Сепак, нешто размислувам… Ако во текстот го замениме името “Путин” со (да речеме) “Хитлер” тогаш добиваме интересна актуелизација на еден налудничав наратив, прв пат изговорен во една пивница во минатиот век.
    И повторно истата дилема… Ако на местото на рускиот патријарх беше Христос, каков ќе беше неговиот наратив и став кон бомбардирањето на Харков.

  5. Слободата на имагинацијата во смисла на замена на тези е “привилегија” на неуките. Здравата имагинација не може да добие идеја за тој вид супституција, на Путин и Хитлер. А болната имагинација не е болна само за миг, болна е постојано и како таква претрпува казна. Редовно. Се разбира, постои процес на исцеление, но ретко кој се подложува на таков подвиг и го стекнува живиот дар на ‘вера што поместува планини’. Ова не го велам во смисла на навреда, туку со свест за вредноста на имагинацијата како сила на умот од врвна важност. Да се потсетиме: гневот Божји е исто така Божествена и човекољубива категорија. Христијанинот мора да е подготвен да прифати се’ од раката Божја: кога Бог ветил дека Неговата љубов ќе биде просто опсипување со спокој и подароци на верните, на човештвото? Зошто би се разликувал ставот на Христос од ставот на Московскиот Патријарх по прашањето на руската воена операција во Украина? Спомнете си за Лот, сите вие кои сакате да замижите пред фашизмот како пред некоја невина палавост. И запомнете: Православието е љубов, но не е хуманизам. Своите ќерки им ги понуди за наслада до смрт на содомјаните Лот за да ги заштити Тројцата Дојденци од содомскиот насилен блуд. Не знаеме што понудил Московскиот Патријарх за да ја спречи погибелта на Украина, а и за спас на самата Русија од украинските реални закани. Ја разбирате ли таа правда? Содомјаните ги земаа сите дојденци (значи несодомјани) и ги силуваа до смрт. Една од постарите забележани форми на фашизам. Тој еден праведник, Лот, и неговото семејство, го поштеди единствено Бог, не целиот Содом. Кој ја започна пропаста на Содом? Господ ли? Туѓинците ли кои во незнаење го посетувале градот паѓајќи во страшни страдања? Лот ли, затоа што Го препозна Господ кога содомјаните како вистинско семе сатанско сакаа токму Бог да Го осквернат, токму тие Тројца Дојденци – не ќерките на Лот (иако Лот бил исто така дојденец во Содом)!? По што се разликуваат Украинците од содомјаните кога јавно, и во училиштата ги воспитуваат своите деца кога ќе пораснат да касапат што повеќе Руси? Или кога им влегуваа на руските семејства во домовите, извлекувајќи ги и убивајќи ги нивните деца пред нивни очи?! Зошто би рекол Христос: ‘Оставете ги нека живеат овие изопачени луѓе, нека ја градат нивната земја врз ваква правда и вистина, Мене Ми е доволно што се живи!’? Оставете ги нека ви отворат војна, нека склопат сојуз со сите ваши непријатели, нека ви дојдат и нека ве поразат, Мене Ми е важно никој никогаш да не биде од вас, од Русите убиен?! Оставете ги, нека ги развраќаат вашите младенци, нека истураат валкани пари во вашата земја за да го осквернат вашиот народ, нека создадат предавници од вашите деца, нека ги научат да ја сакаат изопаченоста, нека се навикнат на лажен спокој и пренаситени сетила, нека заборават на своите славни предци што пролеаа реки крв за вашата слобода и самосвојност, само нека се збратимат со сиот тој лагоден свет на нелагодна измама што сака да им го ограби огништето – Мене ми е важно сите да останат телесно живи! Чудна претстава за Православие, зар не? Право е да славиш – што? Низ историјата токму руските војски добија многу војни со отворена чудесна помош Божја. Само тие имаат икона ‘Богородица Самострелна’, Богородица која ги враќа непријателските стрели врз оние што ги истрелале кон руските војски. Христос, за разлика од многумина денешни православни толкувачи на кризата во Украина добро знае дека не донел мир туку меч, и тоа каков меч. Тие пароли ‘Православието е љубов’ не можат да го релативизираат неправославието, нема да го направат црното бело. И крајно невкусно е да се мафта со нив со некаква недолична идеја за вразумување на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил. Дури и молитвата за мир треба да биде внимателна, треба да е јасно свесен човек за силата на својата молитва и за дострелот во Вистината. Инаку плодовите не можат да бидат добри.

  6. Војните немаат некоја голема врска со Црквата и верата. Војните се политички и државни дејствија. Војните не почнаа денес и не ги започна Русија. Војните своите почетоци ги имаат од Каин и Авел, историски непрестано до денес. Ако зборуваш за односот на Христос против војните, ајде почни од друго место, на пример зборувај за она што се случуваше на нашите простори, историски насекаде во светот и денес на уште 30 места каде што крвави Христос заради убиствата на Образот Негов. Да не зборувам како гледа Христос на војната против душите кои Западните либерални идеологии ја фашизираат свеста и моралот. И уште нешто, во секоја војна има две страни… Има и две причини… Не секогаш оној шѕо ја започнува војната е агресор, туку може само се брани од надоаѓачка опасност. Прочитај што им одговори свети Кирил на сарацените во Константинопол. Они се интересираа зошто христијаните убиваат, а имаат заповед да го завртат другиот образ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *