Почетна Вести Во Австралија пожар и во грчка црква
Во Австралија пожар и во грчка црква

Во Австралија пожар и во грчка црква

169
0

Пожар избувна и во грчката православна црква „Благовештение“ во источниот дел на австралискиот град Мелбурн, јави ТАСС.

grcka crkva vo avstralijaОгнот е забележан вчера попладне по локално време кога црквата била празна. За среќа пожарникарите се наоѓале на неколку стотина метри од црквата и тие успеале веднаш да го изгаснат пожарот.

Причините за пожарот засега не се познати. Во тек е истрага за расветлување на случајот.

Ова е втор пожар во православна црква во Австралија во текот на изминатото деноноќие. Пожар претходно целосно ја уништи македонската црква „Воскресение Христово“ во Сиднеј. Причините за тој пожар исто така се непознати.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *