Почетна Вести Целосно изгоре српската Црква на Менхетен во Њујорк

Целосно изгоре српската Црква на Менхетен во Њујорк

266
0

Силен пожар избувна во српската православна црква „Свети Сава“ во центарот на Менхетен синоќа и за неколку минути стигна до покривот.

srpska crkva izgore 2Сто и седумдесет пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој ја уништи историската зграда на 25. западна авенија во близина на Бродвеј.

Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.

– Сите сме живи, но зградата повеќе ја нема. Оваа црква ја спојуваше целата заедница, бидејќи е единствена во Њујорк, а сега ја нема. Ова е ужасно, кошмар, моето срце е скршено, изјави свештеникот Џокан Мајсторовиќ.

Пожарот изби вчера околу седум часот вечерта по локално време, неколку часа по воскресната литургија, а локализиран е дури четири часа подоцна.

Во текот на денот повеќе од 700 верници од православна вероисповест го одбележале Велигден во оваа црква, но според последните извештаи зградата била празна, кога во неа избувнал пожарот.

Њујоршките пожарникари биле на теренот до доцна во ноќта, по што е прогласена тревога од прв степен. Како што е соопштено, зградата може  да се урне во секој момент.

Преубавата градба во готски стил е изградена во 1850 година, а српската црква ја купила за време на Втората светска војна во 1943 година.

Црквата „Свети Сава“ се наоѓа во близина на Бродвеј и Авенијата Америка, а во 1968 година е прогласена и за една од знаменитостите на Њујорк.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *