Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен црта фрески низ црквите на МПЦ-ОА во Европа
Владиката Пимен црта фрески низ црквите на МПЦ-ОА во Европа

Владиката Пимен црта фрески низ црквите на МПЦ-ОА во Европа

671
0

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен дел од ова лето го помина во цртање фрески во новизградените цркви на МПЦ-ОА во оваа епархија.

Неколку дена, заедно со зографката Славица Михајлова работеше на олтарните фрески од црквата Светите Кирил и Методиј во Дортмунд.

-Слава Му на Бога, по молитвите на нашите просветители свв. Кирил и Методиј почнавме и нешто се сработи од првата фаза од фрескоживописот во МПЦО свв. Кирил и Методиј во Дортмунд. Фала им на одборот и отец Душко Пецов за довербата и гостопримството. Од калфата толку, од мајсторот Славица Михајлова повеќе, нашиша Отец Пимен на фејсбук.

Претходно исто така неколку дена Владиката Пимен работеше и на фреските од олтарот на црквата на МПЦ-ОА во Загреб, Хрватска.

Ова не е прв пат Владиката Пимен да се фати за четка и боја и да учествува во фрескоживописувањето на македонските цркви низ Европа. Пред неколку години  и Македонската црковна општина „Свети Наум Охридски“ од Виена објави фотографии как надлежниот митрополит Пимен, ги доуредува и доукрасува иконите од царските двери, или светите порти, од иконостасот на црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *