Владиката Петар на прославата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Date:

Share post:

На одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, покрај бројните членови, ветерани, претставници на Унијата на жени и други гости, присуствувал и митрополитот Петар.

Настанот беше искористен за политички пораки за единство, доверба и иднината на државата, а во објавите од прославата може да се забележи дека владиката Петар бил во друштво на партиски функционери и присутни на свеченоста.

Самото присуство на црковен великодостојник на јавен настан не е спорно. Црквата е дел од општеството и нејзините претставници честопати присуствуваат на државни, културни и општествени настани. Сепак, кога станува збор за настан со јасен партиски карактер, неизбежно се поставува прашањето дали ваквото присуство остава впечаток на политичко приближување и дали придонесува за зачувување на неопходната дистанца што Црквата треба да ја има кон сите политички субјекти.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е духовен дом на сите православни верници, без разлика на нивната политичка определба. Токму затоа, секое појавување на архиереј на изразено партиски собири заслужува внимателност, бидејќи може да биде протолкувано како поддршка или идентификација со одредена политичка опција.

Во време кога довербата во институциите се гради преку доследност и непристрасност, јавноста со право очекува Црквата да остане над дневнополитичките поделби, да биде фактор на помирување и единство и да сведочи еднаква близина кон сите верници, а не кон која било политичка структура.

Оттука, прашањето не е дали владиката Петар имал право да присуствува на настанот, туку дали таквите јавни појавувања придонесуваат за зачувување на духовниот авторитет и непристрасноста што верниците ја очекуваат од своите архиереи.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img