Почетна Вести Христијанство Владиката Петар го победи коронавирусот и служеше литургија
Владиката Петар го победи коронавирусот и служеше литургија

Владиката Петар го победи коронавирусот и служеше литургија

213
0

И владиката г. Петар, како и владиката г. Агатангел повеќе не е позитивен на Ковид 19 и за Цветници служел литургија во неговата епархија.

Владиката Петар и минатата недела, имал молитвено учество на Светата Божествена Литургија и се причестил со Светите Христови Тајни, а на крајот од литургијата зборувал и за неговото искуство со Ковид 19.

-Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет. Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот“.
Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение! Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *