Митрополит на Кипарската црква бил во посета на МПЦ-ОА. Информацијата за неговата посета ја објави Дебарско-кичевската епархија.
Митрополитот Тамасоски и Оринејски Исаија, од Православната Црква во Кипар вчера бил во Охрид и во просториите на Дебарско-кичевската митрополија имал средба со митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј.
Дополнители детали за неговата посета нема, освен дека бил придружуван од свештеници, монаси и верници од епархијата.
Според досегашното искуство, ваков формат на делегација укажува на организирано поклоничко патување во Македонија.

