Почетна Вести ВИДЕО: Милиони верници газат едни преку други за да го бакнат Црниот Исус
ВИДЕО: Милиони верници газат едни преку други за да го бакнат Црниот Исус

ВИДЕО: Милиони верници газат едни преку други за да го бакнат Црниот Исус

175
0

Повеќе од 1.200 луѓе во Манила се здобиле со повреди, или им е пружена помош поради висок притисок и вртоглавица.

Милиони босоноги верници учествувале во најголемата верска прослава на Филипините, каде мнозинството се католици, за да ѝ оддадат почит на прастарата статуа од Исус Христос, за која веруваат дека е чудесна.

crn-isus-manila-05Илјадници полицајци и војници ја обезбедуваат свеченоста со статуата од Црниот Назареќанец во центарот на Манила, при која верниците минуваат повеќе од 6 километри.

Некои учесници ноќта ја минале во паркот во Манила, каде статуата од Црниот Назареќанец е изложена од саботата, за да можат верниците да го бакнат или допрат. Организаторите очекуваат дека околу 17 милиони ќе учествуваат во поворката, а повеќе од 1.200 се здобиле со повреди, или им била пружена помош поради висок притисок или вртоглавица.

Во 2016. година свеченоста траела 20 часа, но организаторите се надеваат дека оваа година ќе биде пократка. Поради загриженоста дека исламските бунтовници би можеле да ја нападнат прославата, властите ги смириле верниците велејќи дека безбедносните сили ги преземале сите чекори за да спречат можни инциденти. Се верува дека древната статуа од Исус во Манила од Мексико ја довеле шпански мисионери во 1606. година.

Бродот на кој се наоѓала статуата го зафатил пожар, но статуата малку изгорела и го добила името Црниот Назареќанец.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *